„Агенцијата за приватизација нè направи не малолетни деца туку ептен деца. Како: „Ако бидеш добар, ќе ти купам сладолед“. Граѓани, бидете за приватизација зашто тоа е вашата перспектива и иднина, вие немате мозок за да оцените што значи труд, што значи вредност, што е ваше, што ви припаѓа, па ние ќе ви ја решиме таа судбина. Ваше е само да бидете ЗА, да не давате отпор. Таков облик на пропаганда, до тоа ниво упростена, мислам дека не одговара на барем малку цивилизирана држава“.
Крсте Јанковски, Работничка партија
(првата левичарска партија во Македонија)