Разно

Евровизиско Трендоленд пакетче

Да не му се верува на човек колку кофи колективна енергија сме подготвени да поарчиме на будалаштини. Како да ќе ни се сменат животите ако се пласираме вака или онака на Евровизија. Гледам, СФРЈ уште не може да се освести од победничката еуфорија по триумфот на Рива.

Тесла и Офф.нет, Абу Даби верзија

Јес да сами побаравме да видиме како изгледа „Девојка на денот“ во електричната Тесла, ама не очекувавме дека нашиот префинет избор на содржини толку далеку добацува.

Коце, масовно, за цело маратон

Секој си има слаба точка. Оригиналниот Пато зашмелцуваше на моментот „да се изгради асфалтот, патот...“ На наш Коце пак, глич во Матриксот му се случува кога треба да го изговори зборот „афирмира“. 

Како се слуша радио во Тесла?

Се сретнаа! Најдоброто од Америка (електричниот автомобил на Илон Маск), и најдоброто од овде (после турлитавата во Чамо).  Им посакуваме уште многу заеднички пројдени километри.

Изгорени од Велигден

Дел од расказот „Велигден “од учебникот по македонски јазик за четврто одделение. Видиш, нам досега никогаш не ни текнало да бидеме носталгични по тој момент.

Букбокс доби награда

Во ера кога национален спорт одамна е станато (демек промуќурно а всушност одвратно параноично) читање меѓу редови, нашата рубрика доби награда за промовирање на онаа навика понекогаш да се читаат и редови. 

Параспур бевме, параспур останавме

За оние кои живеат во песната „Данас отварам очи након свих ових година“. И за оние кои упорно се прават наглуви на некои други „песни“ па им пречи само „Послушајте патриоти“. Не за да ги изедначиме (заради политичка коректност) туку затоа што сите ни одат на курац.  

Потсетник на шампионите

Шармантно надреалистично лудило а документарен филм. Додека тогашните наши млади режисери чекаа да ги погали музата и да добијат инспирација, дојде Србин од Чешка и ја сними Шутка.

Малку е селачки да не можеш да навикнеш на химна

Јес да и ние одамна понудивме предлог за нова химна, ама па не сме цвикатори наоколу да се правиме жртви што не ни е прифатена. Или да ви вергламе дека актуелнава никако да ја осетиме како наша и да навикнеме на тоа сонце кое - како Георгина во Радован Трети - секој ден одново се раѓа и никако да се породи.

Кај се изгуби овој бисер?

Го откривме одамна ама немаме никаков апдејт за него, до кај е работата и дали ќе нè биде. Само да ве потсетиме колку беше драгоцен.

Сол Алински: Правила за радикали

По трагите од едно видео во кое новинар на руската државна телевизија упаѓа во Менада во чаршија (драматично тврдејќи: „Само одбрани луѓе знаат за ова место“ ?!) и му паѓа во око што тоа читаат луѓето кои се собираат таму. Па книгата нè заинтересира. Малку. 

25 години „Пузење версус гузење“

Тоа што паметните еднаш  не успеаја со ова, не значи дека денес треба да се биде глуп.

Марвел ако не го земат Ристо - п е д е р и!

Уште глобусот не ни беше смирен од неговото прво појавување на нашата страница, а откриваме дека постои цел документарен филм за најсилниот: Ристо Петревски - Токмакот од Македонија! Немате појма колку е генијално!

Натанкирана песна за мајката

Незапосленост, без примања, а не знам да пљачкам,
па стихотворба ќе напишам, очи да замачкам.

Размислувањата на еден македонски мафијаш

Еден од полудите текстови на македонска песна што, евер, сте ги чуле. Се вика „Мафијаш“ а изгледа љубовна е. Целата е проткаена со психоаналитички загатки околу главниот јунак, ама, лирското крешендо сепак е делот:

Тереза Кесовија - Химна на плинарите

Тереза Кесовија беше вистински крем де ла крем на пејачката сцена во екс Југославија. Една класа дама која секогаш се држеше аристократски и по малку надмено, мислиш бисери сере госпожата. Настапи во париска Олимпија, дружења со европскиот џет сет, живот на висока нога, љубовни драми, козметики, третмани.... А ова, како дошло до ова, питај бога!

Што го занима македонското гласачко тело?

Баталете ги оние аналитичари, експерти и други јасновидци што секоја вечер на телевизија МАЕСТРАЛНО го утнуваат „духот на времето“ и од ракав  тресат толкувања за тоа што го мачи и го интересира народот. Гугл ги знае овие работи од прва рака.

Ние и Кинезите, 1001 дрон

Во Кина гулабите треба да си најдат нова работа, кај нас тоа важи за пафтачките за скара. Кинези пуштија 1.000 дронови управувани од еден компјутер за небото да изгледа убаво, на наш човек му е доволен еден дрон за да покаже дека сме попрактични од нив.

Хелоу, иц Али

Бане К-15 по којзнае кој пат ја убоде у центар. Да покрие „топ тема“ и досетливо да смисли арка за пренесување на пораката, а да не биде тоа стандардно дрвење. Овојпат во име на Али Ахмети ја препеал песната од Адел, тажна и љубовна балада со горечка желба за хепиенд и со многу чувство за дражесни видеодетали (хукање на прозор, индијанката). Заплачете и вие, помалку ќе мочате (од среќа или страв) кога поетското пророштво ќе стане реалност.

Учиме албански

Па ова лесно било! Текстот почнува со „Антон Антон“, по што следува една мелодична и римувана брзозборка. А не знаеме што се раскажува. Можеби за „Чехов Чехов“.