Разно

Спремни сме за да се видиме?

Курт Хилшер е германски фотограф што благодарение на службувањето во Белград, во средината на 20-тите години од минатиот век има доста пропатувано по она што тогаш било идна, а сега бивша Југославија. Ги одвоивме неговите фотографии направени на нашиве простори (легендите на фотките ги оставивме во оригинал). Само да ве чуеме пак да зборите дека Охрид има малку мрднато напред. 

Сакате морална дилема?

Сексуалните работнички во близина на МКЦ палат дрва за да се згреат. Дали ваквата постапка ја оправдувате или ja осудувате?

Снежно Скопје видено од дрон

Баш убава 4 минутна зимска прошетка низ Скопје. Ако не сте Супермен, нема друг начин да видите како градот во снег изгледа од негова перспектива. А оние помалку романтичните, можат да гледаат кои улици се исчистени а кои не. 

Нема сила што водите на Вардар, макар на ден, ќе ги направи свети

Време е да се воведе некаква регулатива: попот што го фрла крстот треба да има право да дели жолти и црвени картони, или да исклучува играчи на две минути, да го повторува стартот на трката и слично. Во спротивно, и натаму немо ќе го посматраме парадоксот дека некои луѓе се спремни и да убијат, само за да се дограбат до доказ за нивната благословеност.

Лимпе на денот

Алимпие Алулоски, вевчанец, хајдуковец и господин човек, на тема ракомет.

Капитализамот не сака заебанции

Секој ден оставаме драгоцени минути од нашите животи низ овие глобално-комуникациони мрежи. А таму, хуманистички треш. Социјалните мрежи убрзано, но сигурно се претвараат во антисоцијален Соборен храм на полуписменоста, музеј на проектирани фрустрации, галерија на порно-дадаизам. Човек на човека му е Block.

Двобој на бугарски начин

Отворањето на бугарските државни архиви од времето на комунизмот откри еден интересен пример за спремноста на тамошните армиски офицери.

У моментите…

У моментите
кога месечината не е ништо друго
освен око од киклоп
ќе ти речам…

Преписка со долгогодишни пишувачи на писма

Ванчо: Вистинското прашање не е колку Албанци примиле на конкурсот, туку колкав е процентот на Албанци во таа државна институција?
Трендо: Вистинското прашање е зошто на конкурсот се тврди дека победиле НАЈУСПЕШНИТЕ кандидати доколку единствената цел била да се пополни квотата од Охридски?

Град на гејшите

Вакво Скопје го сакам до јајца. Затоа што е споро. Заробен во снег, градот добива некаква аристократска елеганција во својот ритам. Автомобилите одат гордо полека, како да се дел од погребна поворка за блаженоупокоеното лето. Скопјани чекорат грациозно, како гејши, како да е во тек една од оние камперски игри во кои треба да стигнеш до целта со живо јајце меѓу нозете ама да не го скршиш. Кој направи чекор поголем од 10 сантиметри, го прогласуваме за авантурист.

Почина Владо Антонов

Замина еден од последните стари мајстори на новинарството кој пишаниот збор го плетеше со педантност на филигран. Беше врвен дескаџија и предобар човек. Ја издржа за него лошата 2016-та и почина во првите денови на 2017-та, веројатно само за да не умре со сите други. Оти Владо секогаш беше башка.

Македонскиот крал на американските пури

Брендот се вика ЈСК, акроним зад кој стои скромната оценка "Јас Сум Крал." Се вика Ристе Ристески и бил разочаран од тоа што се нуди на американскиот пазар па почнал да го гради своето премиум кралство.  

Не е руска, македонска е

Како фуснота на стиховите од песната "Народе македонски" (Не знаеш кој си, што си - други тебе знаат), во новогодишен цајтнот ви донесуваме едно просветлување кое ќе ви ја редефинира оваа и сите следни празнични софри.

Блуперсите на "Преспав"

"Продуцентот и екипата на Преспав, на off.net и неговите читатели им посакуваат сè најдобро во новата година".

Битола и Тетово го поделија парламентарното прасе

И после Теарце, резултатите на врвот на нашиот Парламентарен типстер останаа исти. Два истоветни резултати, со точно погодени 117 од 120 пратенички места. На нашето прашање дали победникот да го одредиме со ждрепка или да има прасе и за двајцата, братски одговорија: „Делете го, парчете го“.

Да ви покаже Скопје каков Њујорк знае да биде

Скопска клупска сцена, настап на Cyrillic, Trap Da Fuck Up. Фриз!

Како Блага и Александар го спасија животот на малата Тити

Скопје, 11 март 1943 година. Приказна за тоа како Блага и Александар Тодоровски ѝ го спасија животот на Виен Вините - Тити, малата Еврејка што избегна нацистички логор и сигурна смрт благодарение на храброста на ова семејство.

Каков е ова однос кон началникот?

„Со началникот треба нежно, треба прилагоѓавање, јас сум суптилен. Началникот е нешто нежно, нешто мало, да не речам како маче, како кокиче...“ Сцена од претставата „Сомнително лице“ (одиграна во охридскиот дом на културата), кога на началникот му соопштуваат дека постои сомнително лице што носи со себе антидржавни списи и писма.

Ехото звучи поинаку на Баиро

Веројатно ја знаете онаа урбана финта која сме ја гледале по странства: од својот прозорец ќе викнете јако па цел кварт ќе ви возврати со истиот крик. Битолчанец го пробува тоа во Баиро. 

Симбиозата на Бехар и Дамјан

Се викаат Бехар Весели и Дамјан Темков. Предаваат во средното музичко училиште, едниот на одделенијата на албански јазик а другиот на учениците на македонски јазик. Не, ова не е една од оние изнасилени приказни за лапање грантче. Ова е за стварно.