Хрватска го има Горан Милиќ, кулинарскиот свет до неодамна го имаше Ентони Бордејн а нам за патеписец ни се падна Илија Секулов Пинки, еден јужњачки шарм со црвста анти-корпоративна подлога и гео-политички заклучоци од типот: а) Европа ќе нè голтне како правосмукалка и б) во Европа не растат пари на дрво. Тоа е.