Пишурија е како времето знае да ги испретумба контекстите. Му ја пуштате оваа песна на некој странец, му ја преведувате од збор до збор и на крај, кога ќе ве праша, а кој е тој човек за кој се пее, му викате: „Еден советник за странски инвестиции“. На дечково му станува јасно дека никогаш ништо од овде нема да му стане јасно.