Разно

Што бидна со прасето?

Јебале нас дикови, управни, жалби и прегласување, не можеме прасе да испечеме. Како почнало ова, ќе си умре од старост. Ок, ние нашето ќе го решиме во регуларен термин на предновогодишна збиранка, но ви должиме апдејт за она што ќе го носи победникот на Парламентарниот типстер. А во моментов се двајца.

Исправање историска неправда кон скопските панкерчиња

Македонскиот Милан Оклопџиќ и дечко чии патеписи со голем ќеиф ги читаме (види овде), поттикнат од каменичкиот бенд чиј спот неодамна го објавивме (овде), нè потсети дека на он.нет пропуштивме да објавиме еден сличен занимлив бенд од Скопје кој веќе не постои. А ние сме од оние што би да се одужиме, макар доцнеле. Еве што ни пишува Дик Мејџор.

Блазе си им бе!

Тино Кајшаров и неговата дружина, распеани ем разиграни, го воршипаат Господ. Порано ќе се зезавме на нивна сметка. Ама гледајќи ги другиве што све блујат и трујат по интернет, ете каков наслов ни дојде на памет. Факинг блазе си им!

Подовите на Гранд

Не сме најупатени во овие емисии па не знаеме дали вака овде стално. Ама, ова е тиха језа. Македонецот на под, Аца Лукас се крсти... Он ја сакал! "Не знам колку е глупо пред милионска публика што пуштив искрена машка солза ама на светско ниво нека се знае како искрено се сака!" На СВЕТСКО НИВО! Он мисли дека е на светско ниво. И дека молењето да те пуштат за она да ти се смирела е права љубов. Ете како чудесно ни се врати слоганот "Светско а наше".

Шлајфување во место

Ниту едниве се партизани, ниту другиве се комити, туку за жал, жални необразовани избричени политиканти што не познаваат ништо освен болшевичка шема на говор на омраза во која тие се хероите а спротивните гадовите.

Од “Панама Пејперс” до интелигентен сервис за бизнис

Поттикнат од Вашиот пост објавен пред неколку дена (Мурињо и Роналдо избегнувале данок?) сакав да споделам со Вас дел од нашата анализа на истата тема.

Химната на Таксират

Поучна, за фестивалот на кој годинава Архангел, Кирил Џајковски, Санаториум, Фолтин и Чиста околина за првпат ќе настапат на иста сцена. Браво бе Таксират, и општо и конкретно.

Го имаме победникот!

Предизборни претставувања 2016-та година. Сите пробуваат во ограничениот термин да кажат што е можно повеќе. Не и тој. Тој умее да застане, да се сопре себе, да го сопре времето, да направи таква напната драмска пауза што неговите финални зборови ќе одекнат како епифанија! Предизборен настап кој (не) се заборава. Кице Мицко за прецедател!!!

Стојанче распука ем распали

Има нешто многу симпатично кај тој човек, без разлика што мислеле за неговата хонорарна професија во странство или друштвото кое го одбира овде. Ваљда тоа произлегува од неговата непосредност и поинаквост од другиве.

ВМРО 48, СДСМ 42

Тоа е моменталниот просек од сите што досега ја пробаа нашата зезалица за погодување на составот на Собранието. Тие играат за фотелја, вие играте за прасе, пиво и баклава.

Немој да спиеш со нога од кокошка под креветот

Ако основаш метал бенд кој пее за смртта, твоите ќе се загрижат....

Зошто нејќеме Македонија да биде Швајцарија на Балканите

Меѓу првата и последната слика ќе ви стане јасно дека насловот нема врска со Ванчо Михајлов. Фоторепортажа на тема што може човек да јаде по светов за 30 долари? Една лига вреди илјада џепарци.

Македонија на денот: Балкан велики

Ако излегуваме само по социјални мрежи, лесно ќе се сложиме дека Македонија е одвратна. Но, и сите градови на светов ќе ни мирисаат исто ако за нив судиме седејќи во нивните канализации. А кога ќе излезете од канализацијата, Македонија знае феноменално да изненади.

Прличко во Њу Џерси

Каде е Петре Прличко? Ене го во Њу Џерси, да го допие кафето со Бенињи... Добро друштво.

Кога едно утро во влез ќе те сретне логиката

Живееш у мал град. Зимаш 250 евра плата. Пцуваш мајки на се шо мрда пошто не ја бива, нема се паричка, да ти ебам градчето одвратно, крај на свето ли е тука, ништо не се дешава, мртвило, нема дека да се оде и слично. Одеш у Скопје да тражеш чаре...

Како најлесно да ја упропастите сопствената држава

Контраиндикации: Зашеметеност, ѕунење во ушите и чувство на партиска збунетост, особено кај лицата кои се пречувствителни на размислување со сопствената глава. Кај таквите случаи можно е да дојде и до појава на целосна опстипација на менталните процеси, непријатна дијареа на празни зборови и однесување манифестирано со бескрајно повторување на предизборни слогани.

Гласај без страв

Немој да завршиш сомнително облечен во школски двор полн со деца.

Ина Многуфина и женските прашања во Македонија

Кога некои етнолози од иднината ќе пишуваат на темата „Жената и мајката во Македонија на почетокот на 21 век“, едно дебело поглавје ќе се темели на фактографијата собрана од Ина (а стварно, која е Ина?).

Петиција на денот: Now is the mother!

Иницијатива за распишување референдум во Македонија за приклучување кон САД. Предлог-референдумско прашање:

ТИ на денот на изборите во Македонија

„Ако ти паѓаат секакви идеи на памет, може да почнеш да мислиш дека добро пееш. Ако мислиш дека добро пееш, можеби ќе пробаш да живееш од тоа. Ако пробаш да живееш од тоа...“