????

Змија во школски двор во Скопје

До родителите на децата во едно основно училиште во Ѓорче Петров: дали инсистирате дека вашите мали мора баш до 10-ти јуни да одат во школо? ЕДИТ: Од школото викаат дека не е кај нив. И дека било „говор на омраза“. Ццц, да не се знаеле основни термини....

Zmii vo dvorot na osnovnoto uciliste Dimitar Berovski vo Gorce Petrov. Slikana e na ogradata, no gi ima nasekade, na igralisteto, pozadi sportskata sala itn... Da ne spomnuvam deka deca postojano si igraat vo skolskiot dvor i igraliste!!

Pozdrav,
Dijana

Добивме писмо од адреса d_berovski@yahoo.com, го објавуваме во целост:

Во врска со вашата објава /објавена на денешен ден Ве информираме дека наведениот текст е лажен и претставува говор на омраза ,а се со цел да се наруши угледот на високо професионалниот професорски кадар во нашето училиште ООУ,Д.П.Г.-Беровски,,и воедно ве информираме дека приложените фотографии не се од нашето училиште,и воедно ве покануваме да дојдете во нашето училиште со цел остварување взаемна соработка.Согласно законот за јавно информирање очекуваме од ваша страна јавно да биде објавен демантот со цел да се избегнат непотребни соодветни постапки пред надлежните органи на РМакедонија.

Топката е кај Дијана, која ни го испрати фотографиите и инфото. Ние немаме намера за „остварување взаемна соработка“ со школото (ни фуфка). А за професинализмот на кадарот фино зборува испратениот меил. Од некаква адреса на Јаху, ни меморандум, ни потпис, ни печат. Јако професионално.

 

31 мај 2018 - 10:21