Како е да се има Тесла во Кратово

Репортажа на едни дечки кои решиле да прошетаат со електричен автомобил по затурените делови на ЕУ и затурените делови на вона би ЕУ. После Романија и Бугарија, ете ги кај нас во Македонија. Поточно во Кратово, градот кој толку цврсто е на земја што изгледа не му ни треба заземјување.



Генерално, Бугарија е зад Романија во поглед на електричните возила. Во Бугарија има помалку полначи, помалку интерес, помалку свесност.... се разбира, тоа е само општ впечаток на некој кој имал прилика само кратко да биде во овие земји па тоа не мора да е целата вистина.

Ја чекиравме Софија и наше следно застанување беше Кратово, Македонија, едно шармантно гратче со брезброј мовчиња и стари кули.

Нема шанси да ја заборавиме таа ноќ. Полначи за електрични евтомобили нема а штекерите им немаат заземјување. Буквално одевме од куќа до куќа со кабелот од Тесла и ги пробувавме штекерите. ЛЕД сијаличето постојано засветуваше црвено пред конечно да најдеме штекер кој прописно функционираше.

Ако поседувате електричен автомобил и сакате луди авантури, Македонија дефинитивно е местото кое треба да го посетите. Ако сте помалку авантуристички настроени а сепак сакате да ја видите Македонија, останете во Скопје. Ок, не постојат брзи полначи, но можат да се најдат полу-брзи 22 kW полначи како на сликата подолу. И плус на тоа, љубезни луѓе и преубав град околу вас, што друго може да посака ентузијаст за електрични возила?

Продолжуваме за Албанија, Црна Гора, Хрватска...

* репортажата тука

 

7 мај 2018 - 15:08