А лудиот го заболе

Името па името. Вака, ако си имам мака со моето име, ако нешто не ми е по волја, ќе идам до кај што треба и ќе го сменам. На пример, ќе одам по ходници и канцеларии, и по некое време ќе ме пишат во лична карта, место Тихомир Јанчовски - Лутомир Џонс. Тоа, да. Може. ако јас сакам.

Ама ако на комшијата од зграда не му се свиѓа моето име и поради тоа не дава да ме запишат во Куќен совет, и затоа бара да го сменам (да не му го земам подрумот, што е работата?):

- Е, НЕ ГО МЕНУВАМ ЗА ЖИВА ГЛАВА.

Ни на сон. И не ми е крив комшијата, тој е очигледно луд штом бара таква работа. Нешто му фали. Крив ми е куќниот совет, оти вика, ние не се мешаме, ваша работа, решете го тоа со името и ќе те примиме, нема проблем.

А го гледаат дека човеков е нетокму. Море кој ви е.. матер, и на лудиот и на вас. Вие сте бетер, море шупци. Во таков случај, да можам, станот би го преселил на остров на Пацификот, само да побегнам од морониве. Ама, изгледа не можам, па ги гледам лошо и им го собирам. Не им викам добар ден. На некои им е сеедно, на некои не.

А лудиот го заболе.

Тихомир

22 мај 2018 - 08:55