Никаква промена на вековното име не доаѓа во предвид. Никакви географски одредници, главни градови, нови народи, црвени и жолти линии.
Македонска Стрелба заедно со New Slovenishe Kunst во 80-те години од минатиот век даваше културен придонес кон демократизацијата на поранешна СФРЈ, додека многу личности од таканаречената политичка елита дуваа ДРАГАЧЕВСКИ ТРУБИ.
Истите тие сакаат пак да го манипулираат народот со ставот дека ја менуваме референцата БЈРМ со новото квази име, што не е точно, бидејќи со новиот договор ќе мора да капитулираме пред грчката шизофренија и тој ќе биде конечен.
Нам ни е јасно дека со невлегувањето во НАТО победуваат грчката, српската и бугарската страна, кои не сакаат никаков прогрес на македонската нација, но сепак влегувањето во каква било меѓународна организација треба да биде со КРЕНАТА ГЛАВА а не НАПУПЕН ЗАДНИК.
Македонска Стрелба е против инволвирањето на удбашките и кос-служби
кои со својот лажен патриотизам повторно дуваат ДРАГАЧЕВСКИ ТРУБИ
и го манипулираат народот.
ПАМЕТ ВО ГЛАВАТА
МАКЕДОНИЈА ВО СРЦЕТО
ПРОГРЕС НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
МАКЕДОНСКА СТРЕЛБА: Горазд Чаповски, Горан Таневски, Горан Трајковски, Илија Стојановски, Зоран Цветковски, Владимир Каевски, Рудолф Карера, Билјана Цветкова, Горан Лисица-Фокс и Сергеј Дамовски.
*Своевремено објавено на Он.нет
****
Бонус од тоа време:
Те једно, те исто....