Македонска музика на грчка телевизија

Преубави македонски песни, преубаво изведени,  на првиот канал на грчката ЕРТ. Живи радости, додека не ви падне во очи дека песните се инструментални. Грците менуваат стратегија, од некогашното негирање на постоење македонска култура до - благодарејќи на Преспа - културна апропријација на таа наша култура и наследство. Според Преспански, и ова е хеленско наследство на „првата страна“.

п.с. Кога ќе пуштат македонска песна со македонски текст, тоа веќе ќе биде „дијалект на бугарскиот“?

8 јануари 2023 - 08:23