Либанска улична храна - колку европско-колонизаторски тоа звучи. Западноевропјаните се болни по либанската кујна: во секој поголем град ќе сретнете либански ресторан, или во најмала рака, либанска тезга каде што некој братучед со тапациран мустаќ врти некакви лепињи полни со стрворазбудувачка омрса.
Либан го викаат Шфицарска на Блискиот Исток. Скоро па савршен. Родната грутка на спектакуларниот Калил Џибран - поет и вљубеник во квалитетниот залак и голтка. Ако сте го пропуштиле како автор, шпринт кај великомаченик Google, проверете веднаш. Чудо е. А и ништо не е чудно што негувал вакви хедонистички навики: земјата на чемпресот има навистина феноменална листа од специјалитети.
Денес ќе превртуваме Арејес - либанската кесадиља (види и: Кесадиља, мома Евгенија). Станува збор за превкусни ‘џебови’ направени од пита и мелено месо. На изглед едноставно, но секоја едноставност си има троа комплексен марифет у бек-ендот - шо би рекле програмерите шо не знаат јајца да си спржат. По мене, арајесите се Џејмс Браун на либанската улична хранарина: како тинејџер мајка ми постојано ми папагалуваше: “Прекини да ми ја унасаш улицата дома!!!“, без да биде свесна дека еден ден ќе развијам филтер и од целата улична кал дома ќе ги донесам само бисерите. Така да, и овој пат, спремаме улична храна во домашни услови.
За мном, јунаци:
Мелено-меснати лудории: во длабок сад сместуваме 800 грама мелено јагнешко или јунешко месо. Во истиот сад додаваме ситно сецкан кромид, лук, црвена пиперка и магдoнос. Потоа следуваат зачините: сол, бибер, ким, коријандер и пола кубик црвен пипер. Гмечиме страсно како Славко Штимац у Варљиво Лето ‘68. Треба добро да го измесиме месото со зарзaватот, за да се добие хомогена лопта. Нека одмори во фрижидерскито одмаралиште едно саат време.
Пита: кој пита не скита. А за да не скитате, ѕирнете по јутјуб како се прават домашни пити: имате миљарда варијанти, но најекспресни се оние со јогурт и брашно. Ако ви се скита, тркнете до првиот маркет или пекара и набавете некоја пита, или рамен леб, у најоскудно сценарио и тортиљи ќе свршат работа.
Репетирање: во нашите брашнени ризли нанесуваме од меснатата смеса на едната половина. Обезмеснатата половина ја преклопуваме врз смесата. И така сè до последна. Просто ко политичар. Добиените половинки ги сецкаме уште на пола. Вака, арајесите се спремни да скокаат у тавче.
Печење: тавчето ни треба од расата - грил. Добро загреана, и подмачкана со малку масло. Штом маслото почне да чури, спремни сме. Печеме 3-4 минути по страна. Амин.
Додека тавата се загрева, засосуваме сос: во длабока чинија нанесуваме 3 лажици паста од сусам, алијас таан, алијас тахини. Додаваме бааги сол, лук во прав, сок од еден лимон и мешаме. На добената кашеста структура многу внимателно и постепено ѝ додаваме врела вода жи континуирано мешаме до посакуваната густина. Сосот треба да е полу-течен, нешто налик на бешамел.
Тоа е тоа.
Пиво ладно како таштино срце, грабаме арејас, го потопуваме во сосот и доживуваме епифании. После секој залак следува голтка alla граџевински работник у сред јули. Одличен рецепт ако имате една армија гладни и жедни гости.
Уживајте!
Кирил Стоменов - верен читател на Миа Калифа