Сте чуле ли за феноменот наречен Дели-Бели? Станува збор за дисторзираната состојбата и тегобите со желудникот по посета на Индија. Америте Њу Делхи го викаат Дели, а Бели значи меше. Дели-Бели. И никако не би беше јасно како и зашто. Индиската кујна јес дека користи зачини малку поразлични од оние вообичаените за западниот свет, исто знае да биде и доста пикантна, но генерално не изгледа до толку страшно. Сѐ додека еден сончев ден на Тик-ток не се појавија видеата од подготовка на улична храна низ Индија, што верувам дека секој од нас ги ѕирнал. Веројатно пренаселеноста директно или индиректно влијае и на хигиената по тезгите за улична храна. Чудно како владата не ги санкционира, ама да не навлагаме во туѓи дворови.
Од друга страна, индиските ресторани по Европа се преполни и ако сакаш маса, треба да резервираш недела дена однапред. Историски гледано, индискиот начин на готвење има огромно влијание врз европската кујна. Додека европјаните комбинираат комплементарни вкусови, во индиската кујна основата е градење на повеќеслојни рецепти преку фузирање на различни и молекуларно несродни зачини.
Но колонизацијата променила сѐ. Во среден век, зачините биле луксуз што можел да со го приушти само високата класа. Ама, откако белиот цивилизиран Европеец почнал да ‘открива‘ нови светови - работите се промениле. Зачините набргу станале достапни за секојдневна употреба. Огромен дел од населението во Индија не јаде месо поради религиозни принципи. Па затоа, како замена за животински протеини форсираат доста мешунки како грав, леќа, наут и слично. Ги викаат Dal. Но, кон леќата имаат посебен култ. Ја форсираат у сите бои и нијанси: црвена, кафеава, зелена, сива итн.
Денес спремаме црвена леќа со шарена индиска кари-запршка, на најхигиенски можен начин:
Зеленчуци: морков, кромид, лук и свеж ѓумбир. Сѐ ова на најситни могучи коцки.
Зачини: куркума, ким, црвен пипер, кориандер.
Постапка: во тава истураме зејтин, додека сѐ уште не е скроз загреан ги додаваме зачините. Зошто? Затоа што ако е маслото врело може да ги изгори и да горчат. Не прашувајте од каде знам. Опционално: доколку сте фанови на луто, исечкајте 3-4 чили пиперчиња.
Во овој кари микс го додаваме зеленчукот. Пржиме 7-8 минути со мешање.
Потоа ја запржуваме леќата. Една минута. Јас ставам 400-500 грама леќа. Доволна е за тројца.
Потоа дотураме литро врела вода во која има растворено една коцка зеленчуков бујон. Може и говедски, како сакате. Намалуваме на среден накај тивок оган и крчмаме 20-тина минути. Целиме кон густа содржина.
Финалниот продукт не треба да изгледа како традиционалната балканска леќа-манџа туку драстично погуста и дехидрирана. Зрната треба да ја впијат речиси целата вода.
Сервирање: потпечете си кришка од омиленото ви лепче, истискајте едно резне лимон, додајте лажица таан и макајте со лебот директаменте во тањирот.
Ја не знам дали Индијците пијат, ама мене ова одлично ми иде со ракија-две, седум-осум максимум.
На здравје!
Кирил Стоименов - лежач на шајки