Комплицирани полнети пиперки

Овие полнети пиперки се активни на LinkedIn. Секој ден објавуваат постови за личен развој, лидерство и како да излезеш од комфорната зона. ‘Драги колеги,’ пишува една црвена пиперка, ‘денес сакам да споделам нешто лично. Не беше лесно додека ме полнеа. Требаше да се соочам со сопствената празнина, да прифатам промена и да издржам 250°C. Но, со вистински mindset и поддршка од мојата мрежа, успеав! #GrowthMindset #FoodLeadership #StuffedWithPurpose.’

Под објавата: 87 коментари од други пиперки: ‘Инспиративно!’ ‘Токму ова ми требаше денес.’ ‘Горда сум што сум дел од оваа тезга.’

Јадам трици. Денес спремаме опасни полните пиперки, на малце покомплициран начин.

СОСТОЈКИ

За пиперките:

  • 4 големи, месести црвени бабури

За месниот фил:

  • 500 г мелено јунешко месо
  • 1 главица ситно сечкан кромид
  • 2–3 чешниња рендан лук
  • 1 јајце
  • 150 г сирење фета, издробено
  • Малку црвен пипер
  • Сол и црн пипер по вкус
  • Ситно сечкан магдонос

За сосот:

  • 100 мл бело/црвено вино
  • 1 лажица брашно
  • Путер
  • 200 мл јунешки бујон
  • Сол по вкус

ПОСТАПКА

1. Испечи ги пиперките

Стави ги целите пиперки на 250°C да се испечат убаво, додека не се збрчкаат и не се појават темни дамки. Кога ќе омекнат до граница на капитулација, извади ги и покриј ги за да омекнат. Полесно се лупат така.

2. Олади ги и лупи ги

Пиперките внимателно одлепи ги од кожата. Ќе се распарчат. Нормално. Ти требаат како тенки листови. Остави ги настрана.

3. Направи го филот

Во голем сад измешај мелено месо, кромид, јајце, фета, магдонос и зачини. Измешај добро додека не почувствуваш дека смесата има солидна текстура. Подели ја смесата во четири еднакви делови.

4. Формирај ги „пакетите“

Земаш една излупена пиперка. Во средина ставаш месо и го моташ. Ако треба, додај уште парче од друга пиперка. Овие работи не се планираат, тука се импровизира.

5. Замотај во алу-фолија

Секој пакет постави го на големо парче фолија и затвори го цврсто. Пара-воена операција.

6. Печи
Вметни ги пакетите во рерна на 200°C околу 45–60 минути. Ќе пуштат сок, ќе се зготват, ќе се уплашат и ќе омекнат.

7. Сосот


Во тава истури го бујонот и откако ќе се редуцира до половина, убаци го виното. Додај малку брашно и разматкај додека не се згусне. Потоа следува путерот и финална редукција до посакуваната густина.

8. Сервирање
Ги вадиш пакетите од фолија, ги ставаш на чинија и ги полеваш со сосот. Може и малку балсамико крема за од уроци и црни магии.

Екстра совет: доколку најдете кошулица/марамица, обвиткајте ги пиперките во неа и пржете ги на путер едно 7 минути по страна. Ова е исто спектакл. Пробајте како ви паше!

Кирил Стоименов - си ибал пиперот

 

16 ноември 2025 - 09:24