Колку што и брои Форбс ова е 7 година по ред како таа е топ листата на најдобро платени манекенки. Во ова време не само што успева да ја задржи разликата пред другите девојки на листата, туку успева и да ја зголеми (во 2009-та беше прва со 25 милиони долари).
Во основа сите останати девојки на топ 10 листата во изминатата година заедно заработиле помалку од Жизел.
Најголема причина за нејзиниот успех е соработката со бразилската компанија за обувки Grendene, во која и таа поседува удел. Освен тоа Жизел има и повеќегодишни договори за заштитно лице на Пантен, Орал-Б и Скај ХДТВ.
Листата на Форбс е составена од приходите што моделите ги прават од: фотосесии за списанија, лиценцирање на своето име и лик, ангажмани како портпароли на компании и договори со компании за убавина и мода, во периодот од јуни 2012 до јуни 2013.
На второ место е Миранда Кер, која овие 12 месеци ги заврши со 7,2 милиони долари, што за нејзе преставува сериозен скок од последното пребројување кога беше на 7-мо место со 4 милиони долари.
Адријана Лима годинава има минус во заработувачката од 1,3 милиони долари во споредба со претходната година и со 6 милиони се наоѓа на 3-то место.
Првата манекенка на листава што не работи за Викторија Сикрет е Кејт Мос, која со 5,7 милиони долари заврши на 4-то место. Нејзините најголеми приходи се од рекламите за очила на Версаче, договорите со Римел, и дизајнерите Версаче и Лиу-Џо.
Петто пласирана е првиот голем супермодел од Kина, Лиу Вен, која во измината година заработи 4,3 милиони долари. Со 25 години, таа е заштитно лице на H&M, Estee Lauder, Calvin Klein и Hugo Boss.
Хилари Рода - 4 милиони долари
Каролин Марфи - 3,6 милиони долари
Џоан Смолс - 3,5 милиони долари
Кендис Свонепул - 3,3 милиони долари
Лара Стоун - 3,2 милиони долари