Поттикнат од Вашиот пост објавен пред неколку дена (Мурињо и Роналдо избегнувале данок?) сакав да споделам со Вас дел од нашата анализа на истата тема.
Поучна, за фестивалот на кој годинава Архангел, Кирил Џајковски, Санаториум, Фолтин и Чиста околина за првпат ќе настапат на иста сцена. Браво бе Таксират, и општо и конкретно.
Предизборни претставувања 2016-та година. Сите пробуваат во ограничениот термин да кажат што е можно повеќе. Не и тој. Тој умее да застане, да се сопре себе, да го сопре времето, да направи таква напната драмска пауза што неговите финални зборови ќе одекнат како епифанија! Предизборен настап кој (не) се заборава. Кице Мицко за прецедател!!!
Има нешто многу симпатично кај тој човек, без разлика што мислеле за неговата хонорарна професија во странство или друштвото кое го одбира овде. Ваљда тоа произлегува од неговата непосредност и поинаквост од другиве.
Тоа е моменталниот просек од сите што досега ја пробаа нашата зезалица за погодување на составот на Собранието. Тие играат за фотелја, вие играте за прасе, пиво и баклава.
Меѓу првата и последната слика ќе ви стане јасно дека насловот нема врска со Ванчо Михајлов. Фоторепортажа на тема што може човек да јаде по светов за 30 долари? Една лига вреди илјада џепарци.
Ако излегуваме само по социјални мрежи, лесно ќе се сложиме дека Македонија е одвратна. Но, и сите градови на светов ќе ни мирисаат исто ако за нив судиме седејќи во нивните канализации. А кога ќе излезете од канализацијата, Македонија знае феноменално да изненади.
Живееш у мал град. Зимаш 250 евра плата. Пцуваш мајки на се шо мрда пошто не ја бива, нема се паричка, да ти ебам градчето одвратно, крај на свето ли е тука, ништо не се дешава, мртвило, нема дека да се оде и слично. Одеш у Скопје да тражеш чаре...
Контраиндикации: Зашеметеност, ѕунење во ушите и чувство на партиска збунетост, особено кај лицата кои се пречувствителни на размислување со сопствената глава. Кај таквите случаи можно е да дојде и до појава на целосна опстипација на менталните процеси, непријатна дијареа на празни зборови и однесување манифестирано со бескрајно повторување на предизборни слогани.
Кога некои етнолози од иднината ќе пишуваат на темата „Жената и мајката во Македонија на почетокот на 21 век“, едно дебело поглавје ќе се темели на фактографијата собрана од Ина (а стварно, која е Ина?).
„Ако ти паѓаат секакви идеи на памет, може да почнеш да мислиш дека добро пееш. Ако мислиш дека добро пееш, можеби ќе пробаш да живееш од тоа. Ако пробаш да живееш од тоа...“
Дали знаевте дека Доналд е од тетовските села, дека Ганс енд Роузис имаат песна за него, дека и прошлата негова жена е ќерка на човек од Велмеј кој е Македонец како Шакира?
Слободанка Боба Ѓудерија најтопло ви ја препорачуваме за читање. Досега не сме ја преведувале затоа што е мерак да се чита баш во оригинал, на нејзиниот јазик, на кој е сочна, разиграна, урнебесна и поштено заебана. Кој го читал Ѓермано - нека му е лесна земја - Сењановиќ, јасно му е. Такви шмекерски ракописи на македонски јазик звучат како Бетовен отсвирен на укулеле.
Да го објавиме овде, пред нашиве од Букбокс и Офсајд филозофски да се закараат на која рубрика поприродно ѝ припаѓа содржина чиј главен јунак е фудбалер а тема е литературата. "Фудбалер кој чита чита" можеби звучи како оксиморон ама младиот Давид Бабунски на шампионски начин го руши тој стереотип. Браво дечко.
После Лили Марлен ова е најголемиот музички предизвик на германски јазик со кој се соочува стариот континент. Дамен унд херен, ви го претставуваме пејачкиот биљбиљ аус Мацедониен, Васил Атанасов и неговиот убер хит "Wer hat uns getrennt"! Ако Дејвид Хаселхоф помогна да се сруши Берлинскиот ѕид, ова ќе помогне тој повторно да се дигне.