Драги пријатели,
Навистина ми треба вашата помош, дајте ми некој совет. Работам за Македонскиот национален балет ама ме немаат платено три месеци.Заради ова сум во многу лоша ситуација. Немам пари, не можам да си купам вода, храна, тоалетна хартија, сапун, детергент, ништо. А имав и фрактура и скинат лигамент на глуждот и морам веднаш во болница, па терапија па рехабилитација. Ама не можам бидејќи немам пари.
На мојот договор пишува дека „секој 15-ти во месецот, ќе добивам плата за претходниот месец“, јас се согласив со тоа и дојдов да работам тука. Ама тие не прават така. И не е првпат да го имам тој проблем. Зарем е ова професионална компанија? Зарем е ова национален балет? Дали е ова нормално во Македонија? Навистина сум разочаран. Ми викаат дека проблемот е во министерството, ама не сум сигурен дека ја разбираат сериозноста на мојата ситуација. Во компанијата стално ми викаат „можеби утре, можеби наредната недела“. И ништо од тоа.
Престојувам во туѓа земја, не го познавам јазикот, немам семејство или некој друг во оваа земја. А немам пари... Секојдневно сум насекиран и не можам да спијам. Стално размислувам што ќе јадам утре? Немам пари ни да се вратат во татковината. А газдата на станот секој ден ми доаѓа и ми вика „плати ми, плати ми“, затоа што му должам кирија за 2 месеца.
Можете ли да замислите како ми е? Мислам дека ќе спобудалам.
****