Разно

Послушајте ја лекцијата од Мики Ли

"Најважно од сè е да не заборавиме на простувањето и на милосрдието. Бидејќи тој што има милост во себе ќе биде најголем победник на оваа планета", вели штипскиот шаман, човекот кој го гледа светот низ различни бои. 

Скептикот го најде Миленко

Оклопниот скептик е еден јутјубер кој ремети и раскринкува идеи од оној недефиниран простор на кој виреат конспирации, верски фундаментализам, џанк наука, кемтреилс, Земјата е рамна, вонземјани се меѓу нас и слични симпатичности.... Некако дошол до 'hilarious' емисија на Миленко за кој мисли дека е Русин или друг облик на живот од источна Европа, матичната татковина на ваквите идеи.

Блек Сабат: Играле се (параноидне) делије

Штом е мешап, тогаш е Апостол. Штом е Апостол, тогаш е беспрекорно.

Станајте дел од нашата елита

Ако можевме на Кензо да им објавиме бесплатно реклама, можеме и на овие (ова ради нашиот финансов да не ни се секира). А се надреални повеќе отколку што би можел да се охрабри Спајк Џонз. Особено последната сцена, кога мали човечиња трчаат накај големото комбе! Линч. Дејвид Линч.

Нит макарон е педер, нит сол е лезбејка, копој вепе епебепе!

Све истрпев, за на крај да го зададете завршниот удар: Сол макарон значело „Ја сум педер“. Е не може!

Откривање на тајната на „Сол, макарон“

Милан „von Makedonien“ Мијалковиќ е наш побратим со кого ја делиме и љубота кон Шева и радостите на животната филозофија „се вреѓаме само за убаво, лажеме само кога се мора“. Архитект по образование, а оратор по убедување, Македонецот решава на својот народ да му открие една голема тајна, архивирана и кодирана во устите на скопската дечурлаана, цели 6 века.

Демократскиот говор!

По Виена и Белград, овој речит и силен говор добива прилика да допре до ушите и на македонската публика за која сме сигурни дека ќе го разбере интуитивно и органски. Го добивме со помош на неговиот автор, еден скопјанец и Македонец кого странскиот печат некогаш го опишува како "архитект и екстремист". А каде е архитектурата и екстремизмот, таму е и - Скопје 2014.  

Страст за револуција

Среќа што сум постар, велам,
и сум сфатил дека
патот на мнозината не е
патот на вистината.
Ни бил, ни ќе биде.

Тино ги враќа Бугарите на прав пат

Македонија на Бугарија секогаш ѝ го давала најдоброто од себе. Така било некогаш, така е и сега. Особено сега. Затоа што... заслужуваат.

Кога Дојран звучеше како Хаваи

Кратка видеоприказна за гевгеличанецот Илија Џаџев (1926 - 1991), професор по географија и музичар. Претпладне ја шетал едната публика низ светот, попладне на друга публика ѝ носел дел од тој свет.

Сечие трпение има крај, па и Неговото

Таман седнав да пишувам (вторник, околу 23:30 часот), кога, види беља – здрмува земјотрес. Извежбаниот народ реагира како специјална единица на АРМ: веќе во четвртата секунда од тресењето се слушаат панични удари на папучи по скалите, во седма пред зграда е собран цел куќен совет, во 15-та почнува лицитација со Рихтеровата скала.

Јазик за прецизно разбирање

Не престанува нашата фасцинација со бугарскиот јазик, во последно време разгорена од текстот за пушењето (Първо трябва да се почуди малко) и четот со Иван (Иване, дадох ти путка, не бъбрек) и озбилно планираме да запишеме курс и везден да си збориме на бугарски, пошто ова македонскиов веќе не ни врши работа.

10 реда за чичко Љупчо

Понеделников (05.09), додека шиба блуз на неговиот Џез ФМ, замина Љупчо Хаџи-Стефанов. Хевивејт џентлмен и стара скопска коска, мичуринска.

Дик се одјавува

Со ќеиф ги читавме и ги споделувавме неговите записи од Америка бидејќи дечкото пишува онака како што сакаме да читаме: разиграно, шарено, со фина драматика а без потење. Првата сезона е заокружена. Што значи дека ќе има и втора. 

Што слушаат 'младите'?

Ова е третпат на сајтов да имаме музички избор на Васко Атанасоски (ака Васе Бумбикс од Бернајс). Еднаш како стандарден диџеј во Трендоленд, еднаш со неговата просветителска бегалска плеј листа и сега, со микстејпот "Дватрипетшенаесет август ’16". Ама па што да правиме кога е добар.

Промоција на денот од паралелниот универзум

Промоција на монументалното научно дело "Зета Македонија" од Бранко Сотировски по чиј есап испаѓа дека Македонците се стари 400.000 години. Тек да ви е јасно зошто сме толку уморни.

Благо спакувано во очобол

Сакам да поддржам македонски производи, не од патриотизам, туку чисто онака „лестерски“. Ова од лево е Чокофино, „еурокрем“ од Европа. На вкус, не очекувајте виножита во устата, ама пристојно добро е. Разликата помеѓу тоа од лево и тоа од десно не е толку во вкусот и квалитетот, колку што е во пакувањето.

Интервјуто по кое ќе викате „отом потом“

Некои бркаат покемони, ние ова. Чујте и после пробајте, ќе видите како тоа функционира во секоја можна прилика (без разлика дали таму му е местото). Како што всушност, отом потом, е приложено во домаќинскиот и патриотски муабет со организаторот и уметничкиот директор на првиот иселенички музички фестивал во Прилеп.

Офф плакат за Фолтин

Се сеќавате на текстот на Димса за концертот на Фолтин во Минхен од 2014? Oваа година Фолтин биле на истото место.

Кажи, кажи, либе Стано

Апостол (македонски: A%L) го познавате по неговите бравурозни музички мешапи. Овојпат исто ама не е исто. Мешап, ама не дигитален, туку многу аналоген, да не кажеме вроден.

Позајмени писма на читатели

Ќе прочиташ како странец во Л.А Тајмс може пријатно да се изненади и искрено да се одушеви од Македониија, па ќе видиш како на друг странец читајќи го тој текст му наврале топли спомени од Македонија, па едно време ќе ти дојде криво што којзнае од кога твојата родна земја не ти побудила нешто слично.

Од центарот на скопски микропукот

Видео снимка од епицентарот на овој феномен, направена во скопската населба Бутел.