Разно

Тажна песна за пиперките

Да ти е тема секс па да ти дојде онакво "ми се ебе, ми се рика", ќе разбереме. Ама таков нагон да ти дојде за пиперки? Тоест: "Пиперки, пиперки, ми се јадат пиперки, печени и пржени, зелени и црвени!". А зошто викаме дека е тажна песната? Е па чујте ја неколку пати, ќе ви дојде да си пресечете вена со дршка.

Кој сака да го види Паљото во танга?

Ве слушаме како хорски одговарате: Никооој! Добро, ама, такво ни е видеото. Во чест на сите ликови како него кои никогаш нема да се изнаиграат во животот.

Ај да се муваме

Невена е една читателка на нашиот сајт и млада композиторка од Чикаго. На 7 години замината од овде, од 16 години се занимава со музика. Нев и сестра ѝ Калина имаат една тазе песна со спот снимен во Чикаго. Питка песна, шармантна, идеална (регеална) за летно време. 

Животни лекции од Џамбо и Агушеви

Ним не им треба перфектно место од кое ќе се чекираат, тие не бираат идеален агол за сликање за Фејсбук. На овие струмички Авенџери им е јасно дека е доволно да имаш душа и да имаш со кого да го поделиш радувањето на животот. Така бе мудреци!!! 

Дали помисливте на ова пред да купите стан?

Презентност и уверливост каква одамна не сте виделе. Што и да е по професија, девојката во душа е актерка а во раце сообраќаец на раскрсница. Бидејќи знаеме на кое место ќе сакате да се вратите по репете откако ќе го изгледате целиот клип, тоа ви е точно на една минута. п.с. добро што не мораше да ни одглуми ништо од вецето.

Ама, зошто?

Алекс и Елена во колa (ако ви личи на мк верзија на Андрија и Анѓелка, за жал, многу погрешно). Овие решиле да вклучат камера и да ни ја откријат тајната на нивната љубов (види наслов). И што мислат еден за друг (види наслов). И да нафрлат пар споменарски мудролии за смислата на животот (види наслов). И да ни се заканат дека отсега сите нивни муабети вака ќе ги документираат. Нееееее!

Нови битолски манакиевци

Битолчани и нивниот краток филм се во трка со уште 1.200 други учесници од цел свет, па сепак се држат меѓу првите 30. Тек сега ние кога ќе подбутнеме, нели?

За два ебени чаја...

Кога не би воделе сметка за културата на јавниот збор, оваа епизода би ја најавиле вака: "Ќе мозгаме за клиентелизмот на владеачките партии, а ова овде, за говно во тегла би се продало". Ама, водиме сметка, па нема да го пишеме тоа.

Сочувства НЕ примаме

Тестаментално упатство на српскиот драматург Синиша Ковачевиќ до неговата ќерка.

Почина Аријан Дема

Замина и Љани, еден од најдобрите гитаристи на овие простори. Ден за ден, Пу, Лева Патика... Идол на многу луѓе кои растеа во 70-тите за кои Љани беше Карлос Сантана на македонската инструментална сцена.

Генијалноста на македонскиот инженерски ум

Скопски стан од 83 квадрата, со лош распоред на собите. Газдата ставил еркондишн во дневна ама ништо од тоа не допира до спална. Проблем ли е?

За оние кои сакаат да сменат боја

Здраво Трендо,
Ти пишуваме во врска со проект на Indiegogo.com.  Го лансиравме пред 2 дена, сигурно знаеш како crowdfunding-от работи. Ни треба мала помош за афирмација и популаризација на проектот, па доколку ти се допаѓа идејата, не би било лошо да го објавиш на твојот портал. Ако ништо друго барем да добиеме едно предвидување од баба Зора :)

Ех, откога ние имавме гатачка

- Драга Баба Зора, дали да си ја скратам мизеријата или гледаш некаква иднина за мене?
- Драги Дафинчо, баба је гледала у гравче, и право да ти кажем – ништо не сам видела. Тако да рипај слободно.

Го имаме победникот на "Ѕвездите на МПЦ"

Сме слушале ние разни музички таленти, но ова е вистинска, тоест буквална ПОП ѕвезда. Додуша, поп е одамна а ѕвезда допрва ќе стане. Заслужено.

Банкарски огномет

Ексклузивна снимка од седница на Управниот одбор на една македонска банка на која се донела одлука да се слави со огномет. Еден бил против. Многу против.

Каде е, што прави? (едит: го најдовме)

Снеможени од тенката политичка понуда, заглавивме по архиви барајќи потенцијали кои сме ги пропуштиле а можеби заслужуваат втора шанса. Најдовме, за Гевгелија. Еве каков талент тој град пропуштил.

Одиме на Марс?

Засега не одиме ама затоа можеме да пратиме наши дечки на лансирање Шатл. Е не, само Нигерија ли ќе има вселенска програма? Пазете вака: група паметни и амбициозни момци со својот талент се пријавуваат на NASA Space Apps Challenge. И од преку 1.200 проекти влегуваат во топ 25. А зезалицата која ја направиле е тотално кул. Тука настапувате вие.

Еротика карши Воинот

На плоштадот коњ, на коњот воин а карши нив - тон еротика! Моделот се вика Викторија а автор на "Ладен поглед" е Зонде (Зоран Стојановски). Откако ќе го изгледате видеото (освен што ќе го пуштите уште еднаш), интензивно ќе мозгате кој прозор е уствари тоа. А кога ќе поминувате на тој дел, долго време ќе ве копка дали Вики е уште таму. 

Денот кога Бони М правеше свадба во Скопје

Август, 1981, Скопје, главниот град на Социјалистичка Република Македонија.  Да ви ја доловиме медиумската тежина на тој настан: Замислете денес Ријана се вљубува во некое младо момче од Припор кој мести гипс картони и онда младите решаваат тоа да го крунисаат во наше матично, наш Континентал... Хаос? Хаос, нормално. Како за оваа 'свадба на деценијата' (денеска знаеме: и 'на векот', јер од Ријана абер нема) известуваа тогашните југословенски медиуми?

Климент, отец на својата светлина

Ај малку различност во целиов хаос. Пренесовме за тивкиот човек од Охрид лани, кога ја имаше завршено својата Фибоначи лампа (види ја статијата: "Некој во тиквата гледа семки, некој..."). Една година подоцна Климент го вади своето ново ремек дело во кое се препознава истата посветеност. Многу часови дневно, секој ден, цела година.

Почина Спанаќо

Дошол во Скопје, со точак тргнал на протести, паднал и ја удрил главата во тротоар. Бил однесен и саниран во болница, му рекле да мирува, ама, кај Спанаќот ќе ти мирува.

Субвенција, моја и твоја

Кога ви викавме дека на земjинава кугла нема ништо поглупо смислено од субвенционирање песни кои треба да станат популарни кај народот (види ја статијата "Игра рокенрол цела државна субвенција", април 2013), некои мислеа дека сме пицајзли. Еве нè сега на дереџето кое се вика Црвена боја.