Разно

Сложни браќа врата клатат

Едни две наши слатки близначиња, уште од мали нозе учат да соработуваат на ист проект. Искрено се надеваме дека овој рано изразен "клати врата" талент, 20 години подоцна нема да го искористат само за да се вработат во државна администрација.

Дојдете на промоција кај Џовани

Едноставна, животна, искрена - таква е поезијата на Јовица, на која поголемиот дел од оние што сакаат да се нарекуваат македонски поети не ѝ се ни до колената. Во неговата биографија на крајот на оваа нова книга пишува: „Сè уште живее и работи во Скопје“. Фала богу, додаваме, инаку што би правел овој град без него?

Тошо Малерот за дијаспората

Васе замина џенем за Австралија но и таму кај што луѓето стојат на глава, тој брзо се исправи на нозе (додуша едната привремено во гипс). Ете го првиот скеч, за дијаспората и нејзините секирации околу стариот крај. Ма, преубав. 

Алтана да ви каже нешто

Прилепчани не се мирисаат со битолчани, во еден град не се поднесуваат две маала, во едно маало две згради, во една зграда закрвени се два влеза, во еден влез два стана, во еден стан две фамилии, во една фамилија двајца луѓе, а и тие двајца се мразат самите себеси. Каде води тоа?

Стартуваат "Фчерашни вести"

Бранко Огњановски собра една фина екипа и започнува нов ТВ проект кој ќе оди на Телма. Малку се луѓето на кои сме спремни да им дадеме бланко поддршка. Бане К-15 е еден од нив.

Повелете Dick Major, на македонски

Сме го линкале пар пати ама можеби уште не сте го нагазиле како што треба односно како што заслужува. Се потпишува како Dick Major (говорете македонски: Кур Голем) и е еден од најрасните раскажувачи на кои можете да налетате на македонскиот нет во моментов. Пишува баш онака како што сакаме да читаме: шарено, разиграно, со фина драматика а без потење. И има нова пишанка од неговиот серијал "Сеќавања на Америка"

Кој го тоа покраде Иван?

И во развиениот свет и во Македонија постои нешто што се вика кражба на интелектуална сопственост. На Запад под тоа најчесто се подразбира индустриска шпионажа, кражба на патенти, научни формули, лекови и слично. Кај нас Иван исцелителот алармира дека е опљачкан од астролог кој му го дрпнал неговото "видување" за убиството на српска пејачка. 

Ослободувањето на Скопје 1

Паричката е во воздух, петка или глава?

Земи ја гитарата во свои раце

Уште не можеме да ѝ се изнаслушаме на колективната распаљотка на 17 македонски гитаристи (види "Таа моја гитарска Македонија") а бандата, во помали групи, продолжува да вози. Во случајов ги имаме Дамир Пух и Игор Станоески (Иги ман) со Dirt Road, песна која ќе сакате да ја имате при себе на патување, без разлика дали се тандркате по стариот пат кај Дебар или лизгате по Routе 66.

Епа, доста беше

Ако Груевски, Мијалков, Јанкулоска, Бучковски, Заев, Јанакиески или кој било политичар не ожнее што посеал, која е пораката? Дека грабежите и местенките се надмината работа? Што ќе биде следното ако ова не се казнува, политичарите може да прејдат на педофилија или канибализам? Или и за тоа ќе им дадат имунитет?

Ниче Македон и ајкулата

Нашиот Ниче Димовски настрадал на чуден но крајно авантуристички начин. Гњуреле некаде во средна Америка (?), им се појавила голема ајкула (??) па ги извадиле пребрзо. Изгубил третина од плуќата (лево крило), но засега е добар, само што - не се сеќава. Значи ние Македонците глава не можеме од бељи да дигнеме!

The Glitch

The Glitch е кратко мк филмче направено од мала група млади луѓе кои планираат да снимаат забавни скечови како Petty Cash Production. Снимено е со  нивни пари (petty cash, indeed) па ѕирнете: ако ви се бендиса, ќе ги замаптиме, тие ќе се охрабрат па ќе направат уште подобри парчиња, ние ќе им викаме браво дечки и така уствари светов станува за ронка подобар ("Единствената причина зошто се бавам со оваа работа е што мислам дека светот го менувам на подобро за глувчешко куре" - Рамбо Амадеус).

Зад аголот - Спас им нема

Јако, љуто, прљаво и мрсно. "Зад аголот" го прават тоа баш како што треба. Скопскиот рап состав имаат нов албум ("Зад Шпиунката" - 21 песна) и со овој заебано добар спот на химничната "Спас им нема" најавуваат дека допрва ќе горат газиња наоколу. Како што рече некој, спотов е "Мамата у книшка!" Keep up, бандо.

Таа моја гитарска Македонија

Седумнаесет наши гитаристи, секој снимил свое парче соло на истата матрица и сето тоа склопено во интересно видео. Можеби Македонија нема некоја технологија, ама затоа техника има за курчење! Кој од кој махери. 

Кочани, жалиме

Музика од Пинк Флојд за спасување на комуњарски споменик во Кочани. Ах, како тоа добро звучеше кога го објавувавме! Успеавме да собереме еден куп лајкови за идејата (статијата види ја овде), но дечките, за жал, не успеале да соберат доволно пари, како што тоа обично бива овде.  Ама затоа, ете ги овде, во МКЦ.

А од Шопе не се бега

Зафир пееше "Од љубов не се бега". Американците знаат дека не се бега од смрт и од данок. Ама ни Зафир ни Америте во равенката го немаат Емило Шопе, уникатниот штипјанец со амстердамски штим. Еве која му е тактиката во последно време: ако не те добие на телефон, снима видео со тоа што сакал да ти го каже, видеото го закачува на Фејсбук и те тагнува! Генијално! Еве за што последно ме барал, еве за што последно не сум му се јавил:

Дневник на еден апстинент од вести

Откако во македонските медиуми завладеа радикална шизма и истите станаа автомати за ширење колективна шизофренија, едно убаво попладне си реков „инаф-из-инаф" и решив да апстинирам од вести. Како? Е така, фино-лепо, нема вести и точка! За да моето тв-информациско апстинирање не биде само солипстичко страдание решив да водам дневник и да се обидам да ги пренесам своите инфоиспоснички и медиумско-аскетски импресии. Еве сумариум од постењето:

Џган

режија: Вардан Тозија
улоги: Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула, Никола Ристановски, Љупчо Тодоровски, Сара Климовска
премиера: 30.3.2016

Македонец

Трејлер за документарец во продукција на Полскиот филмски институт. Таткото Мито го праќа својот син во северна Грција да го најде гробот на својoт дедо Петро од семејството Клавчови, подоцна прекрстени од Грците во Алексиу. Едно тажно потсетување на фактот дека она што сега им се случува на Сиријците, пред половина век им се случуваше на наши луѓе.

Химна за Зоран Заев

Ова било ставено на Јутубето уште во 2009-та а ние допрва дознаваме. Гррр. Џабе се изнаслушавме секакви глупости во меѓувреме. Ова е тоа.

Приказната за Ема

Од една страна во приказнава е Ема Ананиевска, нејзината љубов кон музиката, нејзиниот талент за пијано, нејзините упорни родители, нејзините добронамерни колеги и пријатели. На друга страна е Македонија и сето она што го натерало ова девојче да сака да си оди од овде.

Последен поздрав до Ацо Снагата

Една кратка сцена со двајцата починати бардови: Ацо Јовановски и Ненад Стојановски.