Традиционално на мајка ми Благица, уместо парфем на точење:
Прими го мајко сега овоа лиричко цвеќе
и обеќавам дека нема да пијам веќе
Не е лесно 9 месеца волови под срце да носеш
и шо вика баба ми, седи, немој да се косеш
Ако некој те закача, знаеш ми бројо
а и ја изгледам сум го меморирал твојо
и нека дојдат од градо сите борци
со два удара да ги напраеш играорци
знам дека се нервираш од понашања шопски
на враќање земи 20ка со кромид и два магнума Скопски
Незапосленост, без примања, а не знам да пљачкам
па стихотворба ќе напишам, очи да замачкам
Брат ми уште спие, ама и он се уклучува кон честитката
за кога ќе се видеме, полесно да се воде битката
Викам денеска шпаѓети да збркам, со болољезе сос
ќе стаам две паковања, у случај да наиде некој гос’
Или да порачаме од некаде похована даска
густи од боровница, а може и од праска
Нема тоа веза, секој ден е нов старт
мила ле мале, една си на свето, среќен осми мартКирил Стоименов, Цистерна