Како да се реши проблемот со дрогите

Мислам дека најдобар начин за борба против трговијата со наркотици е да се легализираат сите видови опијати, па дилерите фино лепо да отворат фирми и да трчаат во УЈП...

... па овде ти фали некој лист хартија, онде ти фали друга хартија, па ти фали крштеница од бабата, па не си ставил налепница „Забрането пушење“ таму кај што дилаш, па немаш истакнат ценовник, па те брка трудова инспекција, па санитарна, па немаш ПП апарат, не си минал обука за прва помош, не си платил баждарење на вагата, лош ти е хероинскиот состав на кесичките, имаат ли кесичките потекло, кој ги печател, има ли печатницата потврда дека хартијата и бојата се безбедни.

Па кога женски дилер на улица ќе ти затрудни, плаќај давачки па овој образец, оној образец, ПП 30, ПП 50, пријави, одјави, минат стаж, топол оброк, К-15, почнуваат проблеми на царина, увоз на хероин, влез- излез, шпедитери, тон хартии, одобренија од министерства, такси, закони, подзаконски акти, фирмарина, оваа такса, онаа такса...

Жестоки момци со пиштоли тргнуваат во бизнис.
Отвораат фирми, пропаѓаат, затвораат фирми.
Нема веќе хероин на улиците, решен проблем.

***

оригиналот:

 

16 февруари 2017 - 17:44