Бане К-15 по којзнае кој пат ја убоде у центар. Да покрие „топ тема“ и досетливо да смисли арка за пренесување на пораката, а да не биде тоа стандардно дрвење. Овојпат во име на Али Ахмети ја препеал песната од Адел, тажна и љубовна балада со горечка желба за хепиенд и со многу чувство за дражесни видеодетали (хукање на прозор, индијанката). Заплачете и вие, помалку ќе мочате (од среќа или страв) кога поетското пророштво ќе стане реалност.