Учиме албански

Па ова лесно било! Текстот почнува со „Антон Антон“, по што следува една мелодична и римувана брзозборка. А не знаеме што се раскажува. Можеби за „Чехов Чехов“.

Ќе даде некој превод?

*****

Толкување број 1:

Антон антон, Фил тут ми лајд, 2 мијион албанци ин косово, јук-бон кос-арбајт, кај арбајт, фил штрасе спацирен геен лафуне, цу-шпет јукен-бан-лан

Антон антон, многу ми е жал, 2 милијона во косово ,јукобон кос-арбајт (нејасно).......нема работа, многу шетаат по улици одат, многу касно, јукен-бан-лан (нејасно)

Антон антон би требало да биде ахтунг ахтунг, што значи внимание внимание :)

Збори на некоја мешавина на германско-албански, а граматиката ја заборавил дома :)

Дени

Толкување број 2:

Откако ги мобилизирав сите мозочни гируси и ја повикав жена ми на помош (германскиот ѝ е мајчин јазик) дојдов до следниов резултат:

Anton, Anton, Sie tut mir leid = Антон, Антон многу ми е жал за Вас

2 miliona Albanci Kosovo, junger Mann Großarbeit (?), kein Arbeit = 2 милиона Албанци Косово, млад човек, голема работа, нема работа

viel Straße spazieren gehen, laufen, Fuß ...? junger Mann ...??? = многу шпартаат и трчаат по улици, пешки,... млади луѓе ...

резиме: ваљда јадни Антон нема работа на Косово па решил да киниса за Германија, па Косоваров го објаснува правда на Hochdeutsch. Косово си останува стандард во аутсорсинг на работна сила во Германија, кај нас сиромаштијата е зафатена со десороизација, немаат време за вакви анализи.

поздрав од Хамбург,
Мартин

20 февруари 2017 - 13:11