Од Игор Дурловски:
Од Богдан Илиевски:
Мене, животот ми тропа на врата. Ме фаќа за рака и вели: „Ало царе, не јади бабури. Не ми се фемкај, не ми се растажувај, не ми паѓај, не ми омекнувај... Не губи ниту еден момент, бидејќи секој момент е твој момент додека еден ден не се спушти ролетната над прозорот на твојот живот. Тогаш, ќе лебдиме над брановите, па ќе се симнеме до еден од нив и како шум во августовска ноќ ќе допливаме до брегот. Ќе замилуваме еден камен кој еден ден твојот правнук ќе го фрли во езерото за да направи „жапчиња" и секое отскоткнување на каменот од рамната езерска плоча ќе е твоја молитва за твоето прачедо за неговата среќа, раѓање на нова ѕвезда која ќе засјае секоја вечер кога тоа младо невино дете ќе седи на истото место од каде го фрлил каменот и ќе замислува желба. Желба каква што имаш ти. Желба каква за тебе посакал и твојот прадедо. И ти некому да бидеш прадедо."
Јас ти ветувам две работи: не одам никаде. И моите правнуци ќе имаат камчиња за фрлање, ѕвезди за паѓање, желби за остварување.
Тоа ми е аманет од дедо.
И така ќе биде.
(„Дедо, јас сум твојот внук“, август, 2013)
Од Владо Јовановски:
Од Борис Дамовски:
**********