Ај од почеток.
На Блаже налетавме кога пекаше да оди во Тибет. (види овде)
Потоа еден дечко (името познато на редакцијата) мртов - ладен му уплати 1.000 евра. (види овде)
Па го немаше, го немаше, па еден ден ни се најави да дојде, да се видиме во живо. Нормално, добредоjден. Се заблагодари за помошта, донесе мали поклончиња од Индија (од нас ја доби книгата колумни „Трендоленд“), побара совет.....
„Јебеш совети Блаже, слушај си го петлето“.
Тогаш и разбравме што работи. Ортачки направил компанија која решава еден чуден индиски проблем. Таму во хотели главно не ти даваат да отидеш со девојка ако не сте венчани. И онда Блаже им помага на такви парови, наоѓајќи им френдли хотели за невенчани во нивна близина. Дец ит.
И ете го сега - неговата стартап компанија за само 20 месеци направила 3 милиони долари
Последната есен, Блаже се обидуваше да покрене акција против контроверзните рудници во југоисточна Македонија. Ама, попрво во Индија ќе направиш милиони отколку во Македонија да покренеш луѓе.
Инаку, Блаже Аризанов е мек, питом, љубопитен, поинаков човек. Еве една меил конверзација со него, тек да видите каков е:
Dobro utro Trendolend.. :)
Do pola sum momentalno so zbirkata kolumni koja mi ja dade. Me odnese..
Vekje ja proglasiv za "licna enciklopedija“
Edno isto taka seriozno prasanje do tebe
Bi te zamolil da spodelish dva naslova, dve knigi koi smetash deka moram da gi procitam ili koi naglo ti go promenija rasmisluvanjeto i perspektiviite
Ke mozhe?
Blaze
*******
hej blaze, drag moj,
bash mi e drago shto te cimnala knigata. jas retko i se navrakjam ama i mene umee da me iznеnаdi so sochnosta i strasta so koja se minuvaa tie godini. za drugovo, preteshka zadacha e toa. zavisi vo koj period od zhivotot ti se sluchile nekoi knigi, so kakvi ochi si gi chital....
ne se sekiraj, kje si gi otvorish ti svoite pendzherinja i bez moja pomosh.
drzh se druzhe,
t.
Тоа ни е муабетот. Дечкото не побара ни пари, ни медиумска поддршка, ни да го ангажираме за нешто. Побара два наслова од книги. Кога последен пат сте побарале тоа од човек?