Разно

Расчистување со криминал и корупција во земја каде Павлина Црвенковска е претседател на Судскиот совет?

Власта во Велика Британија отвори случај за премиерот Борис Џонсон, кој се сомничи за потрошени 200.000 фунти од неговата Конзервативна партија за реновирање на неговиот стан во Лондон, а власта во Македонија молчи за случаи како овој со Павлина Црвенковска со 7 пати поголема финансиска тежина, со нејзиното едногласно именување за претседател на Судскиот совет, највисокиот орган којшто ја контролира судската власт во земјата.

Цуцуловски: Не заборавај

Повеќепати (во пишана или усна форма) сум го кажал своето мислење за двата последователни чина од 27 април 2017 година, после кои едни, непочитувајќи ја легислативата, станаа власт, додека другите (од претходните) беа пратени/осудени на робија.

Прашање за (преку) милион долари

Дали брачен другар на сопственик на фирма со невратен 1,6 милиони евра долг од ограбената Еуростандард банка може да биде член на Судски совет?

Тргна културата во Струмица, џабе јадевте бабури

Наспроти бунењето на струмичките актери и петицијата на преку 250 уметници од цела земја, прв човек на струмичкиот центар за култура бидна професор по физичко. На плодовите на тоа визионерско решение на требаше долго да се чека.

Како да ја упропастиш сопствената држава

Тотално неписмено, разочарувачки и разорно по институциите на системот кои барем се обидуваат некако да си ја вршат сопствената работа. Вака се упропастува држава.

Да чуете една песна од Кукуш

Кукуш е оној град во кој е роден Гоце Делчев а за кој квислинзите кои го потпишаа Преспанскиот договор се обврзаа дека ќе го викаат Килкис.

Велес, душата на Северна Македонија?!

Да, баш со таков слоган го осквернавиле овој, инаку фин спот за градот на Рацин и гемиџиите, со кој се пофали неговиот нарачател Аце Коцевски. Треба да знаете дека утре-задутре, без никаков проблем ќе напишат дека е „Велес душата на јужна бановина“. Такви се тоа гмизавци.

Лекциите на Мила

„Што ќе учат идните првачиња?“ дидактички се самозапрашала министерката за образование па понудила неколку битни наставни цели за најмладите ученици. За да не ги научиме уште од сега да читаат само наслови, ние пак, нудиме неколку примери за разработка и подлабоко разбирање на наставните цели, со еден интегрален пристап кон проблематиките.

Дали обична меница може да биде единствено покритие за кредит од 660 илјади евра?

Фирмата била презадолжена. Во 2019 година, фирмата имала 44 пати повеќе долгови од  капиталот и резервите, или 660 илјади евра долгови према 15 илјади евра капитал. Како раководството на банката доделило вака голем кредит на презадолжена фирма само врз основа на обична меница!?

Раде Шербеџија: Добредојдовте во Македонија

Логин, Таксират и Пасворд продукција, во декември 2020 година, направија сулуд потфат со нивната ПИН музичка конференција која обично  се одржува во Скопје а е битна за сите кои живеат за и од музика. Наместо да ја одложат за подобри времиња, седнаа и скоцкаа ни помалку ни повеќе туку 13 часа оригинална програма за која 20-тина домашни и странски артисти изработија свои концерти. Ова е поздравната реч на Раде Шербеџија:

Гитла, ерга омнес

Петре - шајка немам заковано - Шилегов, градскиот татко познат по чаталења („пички, шта има“ и сл.) изрази желба за отстранување на споменикот на Александар Македонски од плоштад, што е дамнешен влажен сон на професорот Љубомир - за малку - Вашингтонски. Ама, ако тие т'пи, ние упорити: одлука за споменик на Александар имаат донесено советниците на СДСМ и ДУИ.

Кога глупите гнуа ќе дојдат до реката Рубикон

Зумирано: Кратка анимирана илустрација за проценките на македонската влада за новата бугарска влада. Одзумирано: кратка анимирана илустрација за договорите кои комшиите ѝ ги подметаа на македонската влада а нашите визионерски „гнудреци“ ги лапнаа како поп сарма.

Гази Баба се шири за тешка индустрија

За време на пандемија, oпштина Гази Баба организира јавна презентација не за еден, туку за три ДУП-а, со кои се планира нова тешка загадувачка индустрија на површина од над 550,000 м2.

На младите вината останува

Направија секакви акробации, само и само да спроведат попис, само и само во проценти да ги претворат нивните етнички поделби со кои нѐ владеат години и години. Па нели пребројаа досега дека ние сме во најголем процент сиромашни, препуштени на судбината и на надежта здрави и живи да го дочекаме наредниот ден?!

Џасинда Арден vs Копитото на Вашата Земја

Арден не се вози со министерот за здравство со мотори за време на пандемија во земја која министерот за здравство вели дека нема потреба од никакви мерки повеќе оти вирусот бил веќе насекаде... и се уште МОНСТРУМОТ си нема поднесено оставка и не е во затвор. Баталете, ќе ми требаат 10 дена минимум да допишам...

Избори во земјата на спонтани аплаузи

Пред 45 години Бугарија го потврди лидерството на авторот на одвратната бугарска наци-шовинистичка пропаганда кон нас Македонците, која во рециклирана форма безмалку катаден ја слушаме и гледаме од сите сегашни официјални и неофицијални функционери и претставници на Бугарија. Тоа го прави со предвиден спонтан аплауз кој прераснува во овација.

Како Џеват Ајдиновски земал кредит близу милион евра за деловно неактивна фирма?

Фирмите почнаа да зборуваат. До нашето Здружение дојдоа исповеди од сопственици на фирми должници во Еуростандард банка кои сведочат како е организиран и направен криминалот во банката.

Логопедски вежби за прогресивци со посебни потреби

Упатство за правилен изговор, наменето за Заев, Димитров, Пендаровски, Шеќеринска, Маричиќ и придружната булумента. Неопходно е да ги отворите своите вокали (самогласките). На оваа вежба ќе пробаме со вокалот „о“. Кога доволно долго ќе ви биде отворен тој вокал (пример: гооооооооооооооол), ќе можете веќе следниот збор да го изговорите правилно, без никакви додавки кои ве прават да звучите глупо.  

На Апелгрин му се собрало

Направивте избори лани за да можете итно и квалитетно да ја решавате кризата, но штом ве избравме веднаш отидовте на одмор. Македонија изгуби животи колку во 3 скопски земјотреси. Народот е болен, сиромашен, без работа, очаен. Зошто имаме здравствен хаос? Затоа што касапот ни е министер за здравство.

Вакцинирани од осет

За да ја изменаџираш кризата, решаваш од ракав да изјавиш дека сте решиле да не вакцинирате помлади од 60 години со Астра оти, види мајката, Германија и Канада така одлучиле. Оти бре не ги слушавте Данска и другите земји кога суспендираа вакцинирање со Астра за над 65 години туку тврдевте дека сè е ок?!

Блиску сме до врвот?

Можеби вирусот веќе „се напил доволно крв“, бидејќи според морталитетот на милион жители, сметајќи со 1,8 милион жители Македонија би се нашла на третото место во светот, веднаш после Чешка и Унгарија.

НАТО силите влегоа во Србија

Само една година откако воената алијанса доби нова членка, НАТО рукито покажа извонредна подготвеност за мобилизација и интероперабилност, вештини исклесани од долгата агонија од неспособноста на локалниот генералштаб. Во рамките на вежбата „Ваксајнс 2021“ моторизирани македонски единици нагрнаа во соседна Србија, успешно пробивајќи се по ковид линијата Врање- Белград, со мали застои кај граничниот премин.

Темната страна на успехот

Под дејство на халуциногени супстанци, човек не може да претпостави на која тема и околу кој термин на Заев ќе му биде следниот гаф. Еве го овде, да ни прости ЛГБТ заедницата, внесува нов елемент во џендер балансот. Та не е саде Рашковски иноватор.