ЕУ ќе притиска кајшто е најтенко и нема отпор - а тоа сме ние

Македонската дипломатија молчи и чека како јагне за колење пред Велигден или Бајрам. На најсилно се пуштени познатите релативизатори од типот на екперти, уредници, новинари, ботови, сеачи на магла, дежурни бранители на ликот и делото на СДСМ и ДУИ.

Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, Бугарија може кога сака да стави вето на МК во процесот на преговори (кој реално ќе биде деценски, а и можно е да биде траен), Бугарите ке влезат во МК Уставот како дел од уставотворните народи, а Македонците во Бугарија не смеат ни да кажат дека се Македонци, оти бугарскиот Устав не признавал малцинства, а згора на тоа македонската влада јавно ќе се откаже од Македонците, оти не сака да се меша во ВНАТРЕШНИТЕ работи на Бугарија.

На спомениците на Самоил и на сите други кои се од интерес на Бугарија, Македонија ќе треба да залепи натпис кој ќе ни го напишат нашите соседи. Истото ќе важи и за фашистичкото минато на бугарската држава и за нивната администраторска улога во МК во втора Светска Војна. Ќе ги смениме учебниците по бугарски декрет со ЕУ амин и ќе треба да учиме дека Македонците постојат по 1945 година, а се претходно било Бугарија оти сички сме едно. Ќе треба да прифатиме дека сме вештачка креација и дека ете Бугарите ни даваат право да се отцепиме, ама секогаш да знаеме дека ние сепак сме Бугари...со говорна мана.

За историјата, за Кирил и Методиј, за јазикот, нацијата, за Гоце, за ВМРО, за македонската борба, па и Илинденското востание сега нема да збориме но ќе треба да си знаеме дека се е тоа бугарско. Секако листата на желби за давање задоволство на бугарските политичари може секогаш да се надополнува, оти нема никаква пречка да не посакаат и цар Симеон да го ставиме на плоштад.

ДУИ секако дека вика - ова е супер предлог, нивм им се брза во ЕУ, оти договорот е да не плашат со нарушување на меѓуетничките односи во Македонија, оти нели Албанците се бубашари... Другите албански партии исто веројатно ќе гласаат за уставни промени, па вие сега бројте дали има 2/3 во Парламент за внесување на Бугарите во Уставот со СДСМ, колација и сите албански партии. Секако, ама предлогот по кој ќе постапуваат како послушни војничиња на царска Бугарија никој не го видел.

И сето ова се случува, додека МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА МОЛЧИ и чека како ЈАГНЕ ЗА КОЛЕЊЕ ПРЕД ВЕЛИГДЕН ИЛИ БАЈРАМ сеедно, и ни продава глупи изјави дека НИКОЈ во ВЛАДА не го видел предлогот и ДЕКА Е НОРМАЛНО ДРУГИТЕ држави (СИТЕ ЕУ ЗЕМЈИ И БУГАРИЈА) да одлучуваат за НАШАТА ИДНИНА.

На најсилно се пуштени познатите релативизатори од типот на екперти, уредници, новинари, ботови, сеачи на магла, дежурни бранители на ликот и делото на СДСМ и ДУИ - дека ОВОЈ ПРЕДЛОГ бил ДО СЕГА НАЈЛОШ, ама СÈ ПОЛОШИ ЌЕ СМЕ ДОБИВАЛЕ. Па тука се анализира Преспа, па се паламуди до бесвест за да се полуди народот до крај.

ПРЕДЛОГОТ НЕ СЕ ДАВА ВО ЈАВНОСТ, НИТУ ВО СОБРАНИЕ...оти не го знаат, АМА ЗНААТ ДЕКА ДО СЕГА Е НАЈЛОШ, АМА ОТСЕГА ЌЕ БИДЕ НАЈДОБАР и ЗАТОА НАЈДОБРО ДА ГО ПРИФАТИМЕ СЕГА, па после нека му мислат другите.

Кажете ми сега што има добро во овој предлог за македонскиот народ, а и за државата Македонија и нејзината ЕУ иднина. ЕУ сака да реши проблем, ќе притиска таму кај што е најтенко и каде нема отпор - а тоа сме ние - оти ние чекаме да ни ја решат сите други судбината, а ние само вратот да го издолжиме за да ни го пресечат на брзина, се разбира на гилотиња.

НИШТО ОД ОВА НЕ Е ДОБРО! Напротив, ние патиме од стокхолмски синдром, ние сме жртва на континуирано силување која сочуствува со киднаперите и злоставувачите, па ги жалиме и разбираме ЕУ, а потајно ја поддржуваме Бугарија, па уште и ја обичаме. Друго објаснување нема човеци, нема. Нас не држат во заложништво и не силуваат континуирано. Дигнитет?! Не ме смејте - па ние не знаеме ни како се гледаат луѓето во очи, а не па да поработиме на нашата позиција...која и ја немаме!

Жанета Трајкоска

**************

21 јуни 2022 - 10:08