Сите наши петкаши

Индикативни резултати од приемен испит во една скопска гимназија. Во „Орце Николов“ во Скопје се одржа квалификациски испит за упис во прва година затоа што имало пријавени 50-тина кандидати повеќе од слободните места, а сите биле со континуиран одличен успех од 6. до 9. одделение.

Биле тестирани 292 ученици (сите “скроз“ одлични) при што тестот по математика носел максимум 100 поени, а по мајчин јазик максимум 70 поени.

Ако ги анализираме освоените поени од ранг листата може да забележиме дека:

1. Одличен успех (над 129 бода, т.е. над 76%) имаат покажано само 11 ученици, односно само 3,76% од тестираните.

2. Многу добар успех (од 107 до 129 бода, т.е. од 63 до 76%) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36% од тестираните.

3. Добар успех (од 67 до 106 бода, т.е. од 39 до 63%) имаат покажно 133 ученици, односно 45,55% од тестираните.

4. Доволен успех (од 45 до 66 бода, т.е. од 26 до 39%) имаат покажно 70 ученици, односно 23,97% од тестираните.

5. Недоволен успех (под 45 бода, т.е. под 26%) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36%од тестираните.

А сите 292 тестирани кандидати дошле со сите петки од основно училиште!? Резултати за дискусија.

Слободан Таневски

**********

Резултатите од приемниот овде

22 јуни 2022 - 09:15