Разно

Како толку го огрубевме мајчиниот јазик?

Слушнете ги Горан и Унко (и други) во 1980 година. Не тоа што го зборуваат туку како тоа звучи и како меко паѓаат тие акценти: попитомо, поблаго и поубаво од денес. Ајде да е дел од некоја тогашна ТВ серија или филм, ќе си речеш, ова е артифициелен изговор, можеби така замислувале дека треба да звучи македонскиот. Не, ова е од нормален разговор. Луѓе, вака сме зборувале! Денес уште малку па ќе лаеме!

70 години пред Тито да нè измисли

Делови од една дописка објавена во бугарскиот весник „Право“ на 1 март (стар стил), 1871 г., чии редактори биле Бугарите Христо Стојанов и Иван Најденов. Покрај одвратните навреди и омаловажувања кон Македонците, сепак има признание и потврда за сведоштвото изнесено од страна на Петко Славејков во неговата статија за посебноста на Македонците од Бугарите.

Дечко на денот

„Не е сè на Гугл, има нешто и во бабите,“ вели младиот, 20 годишен Дамјан Ристовски од Трубарево, Скопје, колекционер и изработувач на народни носии. Патува по селата за да собере народни носии, песни, приказни... Најстарите меѓу носиите, вели, датираат од 1910-та година. Меѓу оригиналите има и негови парчиња кои сам ги ткае на разбој.

Средба со полначите на буџетот

- Ама чекај бе господине, за шо 300 евра казна?
- Па возиш 92.
- А колку треба? го прашувам.
- 80 -  ми вика.
- А каде има знак за 80?
- Знак нема, тоа е член од законот и ти треба да го знаeш.

Едно видео, две домашни задачи

Читател од Америка ни прати видео од средното школо во кое учи и син му (Дакота Хај-скул, Мичиген) кое таму се завртело по медиуми заради благородноста на соучениците на едно момче со Даунов синдром. Да учат и гостиварци и сите други како се прифаќаат дечиња со аномалии а богами и како се почитува државна химна.

Моќна руска верзија на Калеш Анѓа

Кога ја слушаш Калеш Анѓа, ти доаѓа убаво поради тој прочуен непокор. Кога слушаш руска верзија на Калеш Анѓа, не ти доаѓа само тоа. Ти доаѓа фронтално да тргнеш на беговите и нивните сараји со кои ден-денес ја лажат нашата Анѓа.

PNG (Илија) - ΗΧΟΧΡΩΜΑ (Звучна боја)

Дечкото е рапер од Грција, од Егејска Македонија, од Костурско. Многу сугестивно и искрено зборува за македонските маки и истории. „Моето место се запусти затоа што фрлија напалм, предците - црни птици одеднаш исчезнаа, прогони и планини, соништата илузии, сè за слобода, откако другите победија 
и им ја напишаа историјата.“

Послушајте патриоти, преспанци и нобеловци

Сведоштво на Македонец кој во грчка војска бил учен да ги мрази Македонците. „На мајка ми и татко ми им беше страв да ми кажат кои сме. Кога се вратив дома и почнав да пејам песни за грчки херои, им падна многу тешко... после дознав кој сум и кои сме.“

Со блескањето се претера

Тоа што струјата е скапа и што ќе нема парно, не е проблем струјомерот да врти ко расипан таксиметар. Гraдскиот трговски центар секогаш бил галантен околу електричната енергија.

Чуму ѝ е на Европа една размакедончена Македонија?

Македонизмот и Македонија не се ретроградни феномени. Напротив, македонизмот е еманципаторска и обединувачка идеја. Македонија не може и не смее да прифати цената за добивање датум за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија да биде разнебитување на историски заокружениот легитимен процес на конституирање на македонската нација и нејзиното размакедончување.

Македонската „Don't Look Up“

Нетфликс го има „Don't Look Up“ со Kаприо и Лоренс, Тумба фест ја има „Ќе одиш на блок“ со Атанаска Иванова, стокмена во црвено -златна комбинација. Двете дела се сатира и пародизирање на модерниот начин на живот, само што, нашево е каде-каде подражесно.  Прецизно дијагностицирање, прашања на место (дали има некое машко живо нормално?) и разумни одговори (сè идиоти). Атанаска, Жижеку наш!

Лиде Лиде, прекини прекини

Новогодишна а јако тужна песна на најпознатата сталкерка од Македонија чиј предмет на обожување во меѓувреме беше стоково разменет од прекупецот ЗЗ. Ај што Лиде Лиде нема гајле гајле да пее вакви песни песни (а тоа го прави како истовремено да јаде тост), ама тој што ги пишувал овие „трето б“ стихови, е тој е правиот злосторник. Џака, спиеш ли мирно?

Време е за подобри Македонци од нас

Срам да го фати човека што е Македонец од Македонија кога ќе му текне колку често знаеме во сопствена држава да бидеме снеможени, а го слуша Стојко Стојков од ОМО Илинден. Скромен човек, во една сиромашка кујна, но со чиста мисла за својот идентитет и со здрав инает да се остане Македонец наспроти она што Бугарија го прави со нив од Тодор Живков до денес. Пу јаз'к. За нас.

Коста Бургов ви помага да се снајдете во 2022

Новата година е позната по скијачки скокови, виенски концерт и календар на Коста Бургов. 2022 година може да почне, новиот календар на Коста нема ниту една материјална грешка а визуелно е пребогат со неговите дружења со Јованка, Силвана Арменулиќ, Том Круз, Пол Њумен и други ликови од кои Коста ја црпи инспирацијата и добрината во животот кој го нема баш галено.

Каде е Алек?

Па нема само западњаци да нè изненадуваат со својата креативност (за добро или лошо), имаме и ние луцидно смислени реклами кои, во визуелна смисла, на Вес Андерсон можат лиги да му направат. Саспенсот се врти околу мистериозното исчезнување на главниот лик кој (спојлер алерт!) сепак ќе се појави и ќе изговори реплика рамна на „Роузбад“ кај Орсон Велс. Реклама? Рекламиште!

Имаат ли инспекторите микрометри за кеси?

Засега јасно и недвосмислено е дека се забрануваат поранешните полиетиленски пластични кеси, а се дозволуваат биоразградливите, коишто би се наплаќале по 15 денари за парче. Лошо е кога тој што пишува закон, самиот е неписмен, односно не знае што сака да каже.

За Стојан војвода и едно голомеше

Да чуете една песна запишана од француски етнолог која се чува на фонографски цилиндер  во француската национална библиотека. Снимена е во село Кожле, скопско, најверојатно во 1902 година (тогаш коминтерната го создавала македонскиот идентитет?), и отпеана на преубав македонски (четири децении пред тој да биде вештачки измислен?).

Спиеш ли мирно, Посте Малоуне?

Не знаеме ништо за авторот ама податоци и онака ќе нè оддалечат од суштината, дека се работи за љубовна песна и дека авторот се осеќа доволно силен таа љубов да ја одбрани. Може само едно мало интро? „Е најдов најлепата жена во Бајрамовци!“ Туше!

Стварно, како помина „Скопје 70“?

На страната на музичкиот регистер ВБУ почнале да архивираат стари текстови поврзани со музика,  што нас ни е супер интересна занимација. Се фативме за неколку текста за скопскиот фестивал на забавни мелодии во 1970 година. Песни тралалајки, текстови криминалитети, облека лоша до полоша.

Дубаи, зборуваш ли за нас?

Во Дубаи во тек е „ЕКСПО 2020“ (лани беше одложен заради пандемијата), еден вистински Вондерленд на кој државите се претставуваат со фасцинантни концепти, дизајн, архитектура, технологии и визии за предизвиците од иднината. Настанот кошта 33 милијарди евра и учествуваат 192 земји. Каде сите Турци, таму и гол Асан.