Разно

Несудениот олимпиец стана најбрз рагбист

Сонот на Карлин Ајлс е да учествува на Олимписки игри, но тој не успеа да се квалификува во спринтерскиот тим на САД за Олимпијадата во Лондон и реши да го смени спортот, па стана најбрзиот рагбист.

Откажани НХЛ натпреварите до крајот на годината

Слично како „локаут" периодот во НБА лигата минатата година и хокеарите од НХЛ не се договорија со сопствениците на клубовите, па челниците на лигата беа приморани да откажат 526 натпревари од новата сезона.

Луди Турци

Навивачите од целиот свет се тепаат на фудбалските стадиони, а во некои земји сме гледале инциденти и на хокеј и ватерполо натпревари, но ова до сега го немавме видено. Навивачите на Бешикташ и Галатасарај прекинаа натпревар на кошаркари во инвалидски колички.

21.354 мечиња на лед

Фрлањето на плишани мечиња по првиот гол прерасна во традиција во хокеј арените ширум целиот свет. Навивачите на Калгари на вчерашниот натпревар фрлија 21.534 мечиња, но не успеаја да го срушат својот рекорд од 26.919 мечиња фрлени во 2007-та година. Играчките потоа се подаруваат на деца во болници и други добротворни организации.

Формула 1 сезоната низ бројки

По 20 извозени трки, Себастијан Фетел освои 281 поен и со 25 години и 152 денови стана најмладиот трикратен шампион на 63-то издание на Формула 1 шампионатот, а ова се дел од бројките кои ја одбележаа сезоната.

Газда Ноле

Колку и да не го сакате Новак Ѓоковиќ, мора да признаете дека дечкото има харизма и тешко кој може да му одолее на неговиот шарм. Овие бразилски девојки се согласуваат со тоа.

Ферари вреди три пати повеќе од Ред Бул

И покрај тоа што за последните три сезони на рангирањето за конструктори на првото место заврши Ред Бул, а вредноста на нивниот тим од 2010-та е порасната за 67%, сепак тие се само трет највреден тим во Формула 1. Далеку пред нив сè уште се Ферари и Мекларен.

Многу тепачки, малку камери

Легендарната изјавата на комичарот Родни Денџерфилд: „Вчера бев да гледам бокс и изби хокеј натпревар", по којзнае кој пат се потврди и на дело. На натпреварот од AHL (американската хокеј лига) помеѓу Портланд и Ворчестер имаше премногу тепачки, а на моменти и по неколку одеднаш па камерите не успеаја да ги регистрираат.

Шампионската сезона на Фетел

Себастијан Фетел се запиша во историјата на Формула 1 како најмлад трикратен шампион. БиБиСи направи ретроспектива на неговата сезона со ова одлично видео.

Фетел стана најмладиот трикратен првак во Формула 1

Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо ја водеа битката за титулата во Формула 1 шампионатот, но Германецот по последните 71 круг на трката во Бразил заврши на шестата позиција што беше доволно за освојување на третата титула во серија.

Калкулации за шампионската титула во Ф1

Викендов во Бразил се вози последната трка од програмата на Формула 1 шампионатот и трка на која ќе биде решена сезоната. Кои се математиките и како Фернандо Алонсо или Себастијан Фетел можат да стигнат до шампионската титула?

Британците се разиграа за добротворни цели

Британските олимпијци и параолимпијци снимија симпатична реклама како дел од кампањата на БиБиСи за помош на децата во социјално загрозени средини.

Хокеј гол со дрес

Александер Венберг од шведскиот второлигаш Дјургарден постигна три гола во победата од 6:2 над Лександ, а еден од головите го даде со помош на својот дрес. Судиите ги прегледуваа снимките и решија да го признаат голот.

Трагичниот меч што ја промени историјата на боксот

На 17 ноември пред 30 години почина Кореецот Ким Дук-Ко како последица од повредите здобиени на мечот за светската титула одржан во Лас Вегас. Овој бокс меч ја промени историјата на спортот.

Дечко со искуство

Најверојатно дечково има големо искуство од бегање од згодни жени во долна облека па успеа да си го спаси и пивото.

Голманска хокеј тепачка

Тепачките се честа појава на хокеј натпреварите, но обично голманите ја пропуштаат „забавата". Овие двајца голмани од младинска хокеј лига во САД решија да се вклучат во акцијата.

Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Лондон

Србинот Новак Ѓоковиќ ја заврши сезоната со трофеј од Мастерс турнирот во Лондон откако во финалето го победи Роџер Федерер во два сета.

Адреналин на точак

Словакот Филип Полц е победник на екстремната даунхил трка низ тесните ридски улички на Ла Паз во Боливија, а ова е видеото од неговата кацига.

Агуеро против Дел Потро

Серхио Агуеро му даде поддршка на својот сонародник Хуан Мартин дел Потро при елиминацијата на Типсаревиќ на турнирот во Лондон, а потоа тие си ги одмерија силите.

Одбојкарски нокаут

Овој смеч беше толку убиствен што освен што ја нокаутираше противничката одбојкарка, приземји и еден гледач.

Маратонците сепак трчаа во Њујорк

Организаторите беа приморани да го откажат маратонот во Њујорк заради последиците од ураганот Сенди, но илјадници маратонците не се откажаа и истрчаа еден малку поинаков маратон.

„Малиот ѕвер“ од шкафот за тениски топчиња

Во раните 90-ти едно надежно тенисерче имало проблем со мотивацијата, па неговиот тренер му одржал лекција заклучувајќи го во шкаф за чување топчиња. Тоа дете прерасна во врвен тенисер кој вчера го освои Мастерсот во Париз.

Формула 1 не сака математички неписмени

На челниците на Вилијамс Ф1 тимот им здосадило да се малтретираат со апликациите за работа на неписмени студенти, па решиле да воведат едноставен тест. Дури и тој тест со 15 лесни математички прашања не го решаваат ни 3% од апликантите.