Разно

Со Ибра е комедии и на ФИФА 17

За вие кои сте од генерацијата на Супер Марио и сте престанале да играте фудбалче на Сони пред едно 10 години, да знаете дека ФИФА има многу далеку стигнато, па дури има и почнато со импровизации кои на Златан и нема баш да му се допаднат.

ЈСП со две одлични полувремиња до победа над дебитантот Раде Кончар

ЈСП, Сава Осигурување и ЕВН се екипите кои со победа го заокружуваат првото коло од новата сезона во Бизнис лигата.

Искуството на страната на ТРАНСМЕТ во дуелот со НЛБ Банка

ТРАНСМЕТ со 11 гола во мрежата на НЛБ Банка стигна до победа, а бодови во вториот ден од првото коло во Бизнис лигата освоија и екипите на МЕПСО и Адмирал.

Малиов ќе оди на проба кај Глоубтротерси 2034-та

За уште сега да им се приклучи е премногу мал, има само 4-5 години, но уште oд сега да тапка две топки наеднаш исто така е мал. Затоа Харлем Глобтротерс објавија дека официјално го поканиле на проба за 18 години.

Македонски Телеком со победа над Факом ја отвори Бизнис Лигата

Македонски Телеком, Гранит и Лукоил со триумф ја отворија новата сезона во Бизнис Лигата.

Црвен картон за случаен минувач покрај Хамес Родригез

После долго време седење на клупата за резерви, Колумбиецот Хамес Родригез конечно заигра во првите 11 на Реал Мадрид, а расположението му го крена и рекламата за енергетскиот пијалак Gatorade. Луѓето од оваа компанија се решија за реклама со првиот случаен минувач кој стоечки го пие нивниот енергетски пијалак.

Како опсесија со Football Manager може да ти донесе работа

Англичанецот Мат Нејл на 15 години почнал да доставува извештаи за играчи до ултра популарната видео игра Football Manager. Откако напредувал, го вработиле во англиски четвртолигаш каде работи како аналитичар.

Пази се снима

Понекогаш на некој спортски настан ти е толку фино што се забораваш дека околу тебе има и камери кои може да те снимат во незгодна ситуација (не, не се сеќавај на германскиот селектор Јоаким Лев). Така две девојки се заиграа на трибините додека гледаа натпревар во стрелаштво.

Мајка изгуби ќерка од вид на меч на Рафа Надал

На Мајорка од каде потекнува Рафаел Надал се игра ревијален тениски турнир. Мечот меѓу Рафа и Џон Мекинро накратко беше прекинат откако една мајка толку се занела во тенисот што ја загубила од вид ќерка ѝ. Мораше цел стадион да стане на нозе и да ја бара малата Клара.

Стартува Премиер Менаџер

Што е Премиер Менаџер? Ако некогаш сте играле Fantasy Football – тогаш сигурно Ви е јасно. Концептот е едноставен: ти си менаџер!

Што треба да знаете за Мајк Тајсон

Во едно неодамнешно интервју, поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија и член на боксерската Куќа на славните, Мајк Тајсон, кој годинава наполни 50 години раскажа што му се случило во едно средно школо.

Ѓоковиќ и Надал како на сервис во маало

Новаќ Ѓоковиќ преку својата фондација организираше хуманитарна гала вечер со цел да собере средства за програмата за предучилишно образование на децата во Србија. Тој собра преку 400 гости од областа на спортот, музиката и модата, а одигра и хуманитарен меч со Надал на кој немаше правило дека мора да иг користат рекетите.

Да му симнеме капа на човеков

Простувањето од националниот дрес очекуваше дека ќе му се случи на друг начин, ама и ова не е лошо. Бразил изненадувачки загуби од Иран на пенали во осминафиналето на Светското првенство во Футсал, а гостинските играчи го испратија најдобриот футсал играч на сите времиња во репрезентативна пензија како Бог.

Индонезиско ватерполо млатење

Масовна тепачка се случи на ватерполо дуел на индонезиските национални игри. Навивачите револтирани од некои судиски одлуки почнале да фрлаат шишиња во водата, а во хаотичната ситуација во базенот летаа тупаници на сите страни.

Новак Ѓоковиќ за медитацијата и внатрешниот мир

На семинарот „Љубов и мир“ посветен на медитацијата и јогата, присуствуваше и најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ кој одржа краток говор за тоа колку него лично му помага медитативниот процес.

Алигатор на сред патека за Формула 1

Младиот Макс Ферштапен за малку не удри во огромен гуштер кој се појави на патеката во Формула 1 каде се возеше тренингот пред утрешната трка за ГН на Сингапур.

Си играл ли пинг-понг со мајмун?

Сега и дефинитивно нема оправдание за оние кои не сакаат да одиграат партија пинг-понг затоа што не знаеле како се игра. Штом царов може, можеме и ние.

Надчовечки пинг-понг поен

На турнирот Table Tennis Grand Prix во Дизелдорф, Австриецот Штефан Фегерл и Швеѓанецот Кристијан Карлсон го одиграа можеби најлудиот пинг-понг поен во последнава деценија. На крајот добија заслужен и долг аплауз, а поенот му припадна на Фегерл.

Етиопиецот се огласи од САД

Фејиса Лилеса, сребрениот маратонец од Олимписките игри во Рио кој ја мина целта со знакот Х со рацете за да укаже на прогоноството со кое се соочува неговиот народ Оромо, вели дека проблемите се далеку од решени иако целиот свет сега знае што се случува во Етиопија.

Жбитачето кое руши сè пред себе

Ако си од негова ќе поминеш добро, ако не си од негова нема да поминеш добро. Едноставно е. Ви го претставуваме 9 годишниот Тео од Австралија.

Ќе го изберат ли Словенецот за претседател на УЕФА?

Педесет и пет европски фудбалски федерации утре во Атина ќе бираат нов шеф на УЕФА. Ќе се гласа за двајца кандидати: Михаел ван Праг и Александар Чеферин, претседателите на холандската и словенечката фудбалска федерација .

Најгледаниот настап на Параолимпијадата во Рио

Со скоро 3,5 милиони прегледи, овој дриблинг целосно го собра вниманието на фудбалската јавност. Се работи за мечот помеѓу Иран и Мароко за слепи и фудбалери со оштетен вид, а мајсторот е Безад Зад Али Асгари кој покажа дека можело и вака без да гледа.

Кога очите не можат, срцето ги води до целта

Додека Рио беше во тек, се друго од спорт беше споредно. Сега на ред се Параолимпијците за кои малку се зборува, а тие заслужуваат многу, ама многу повеќе особено по оваа историска трка.