Разно

Го прашаа Ѓоковиќ кој ќе тепа во финале на ЛШ

И покрај проблемите со плускавец, што му го отежна движењето во трет сет, Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Ролан Гарос, откако го победи Французинот Корентин Муте со 3-0. Доби прашање за утрешното финале меѓу ПСЖ и Интер. Не му дава срце да типува на Интер, бидејќи е навивач на Милан. Поштено.

Непалецот Ками Рита по 31. пат го искачи Монт Еверест и го подобри личниот светски рекорд

Непалскиот алпинист шерпа Ками Рита го покорил врвот Монт Еверест по 31. пат. Во вторникот тој одново се искачил на највисокиот врв на светот висок 8.849 метри и го подобрил својот личен, неверојатен светски рекорд со дури 31 искачување.

Надал за британскиот хумор на Мареј

Големата четворка во светскиот тенис: Ѓоковиќ, Надал, Федерер и Енди Мареј се споија повторно, овојпат на самиот почеток на Ролан Гарос. Во чест на 14-кратниот Рафа кој на 37 години веќе неколку месеци е во спортска пензија. Шпанецот зборуваше и пред новинарите и кажа како после мечот Арсенал - Реал Мадрид (3:0), Шкотланѓанецот му пратил порака знаејќи дека Надал е жесток навивач на Реал.

Д-р Сашко Кедев искачи уште еден страшен врв на Хималаји!

Прекрасна вест стигнува од далечните Хималаји каде врвниот македонски хималист и кардиолог, доктор Сашко Кедев утрово го качил 13-от од 14 вкупно светски врва над 8.000 метри надморска висина!

Од каде па големата четворка на едно место?

Куп спортски настани викендов. Меѓу нив и еден голем тениски турнир кој во историјата само еден човек успеал да го освои 14 пати.

Бобан Илиоски ја одбрани светската кик-бокс титула!

Најдобриот спортист на Македонија за 2024-та година, кик-боксерот Бобан Илиоски успеа да ја одбрани светската титула откако во Женева го совлада Французинот Кадри Мурсели.

Новак Ѓоковиќ во Женева до јубилејна 100-та титула во кариерата!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со триумф на реномираниот турнир во Женева стигна до златната 100-ка на АТП турнирите и дополнително му се приближи на Роџер Федерер на вечната листа.

Историска хокеарска сензација на Светско првенство: Данска ја урна велесилата Канада

Во шокантна завршница на дуелот од четвртфинале на Светско првенство кое се игра во Данска и Шведска, меѓу домашната Данска и големата хокеарска велесила Канада, Данците остварија сензационален триумф со 2-1 со два постигнати гола во последните три минути од мечот.

Шеј Гилџес-Александер ја доби МВП наградата и ја поведе Оклахома до 2-0

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер повторно ја совладаа Минесота Тимбервулвс, овојпат со 118:103 и поведоа со 2:0 во финалната серија на Западот. Нивниот лидер ШГА ја доби МВП наградата за најдобар играч во лигата сезонава.

43. искачување на Титов Врв по повод 100 години ПК Љуботен

Во недела на 25-ти мај ќе се одржи традиционалното искачување на Титов Врв (2.747 метри надморска висина), највисокиот врв на Шар Планина и втор највисок во Македонија по врвот Кораб.

Сабаленка знае и да реплицира на волеј

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленко која со месеци си поигрува со своите ривалки, синоќа изгуби во четвртфинале на АТП Мастерсот во Рим од Кинеската Чинвен Џен 6:4, 6:3. Натпреварот траеше час и 38 минути а со овој пораз Сабеланко прекина победничка серија. Во еден момент од дуелот некој од публика и дофрли: „Ајде Арина, играј тенис“, а таа возврати со: „Замолкни“!

Пазете го влезов на Емили во ринг

Се вика Емили Спасевски, живее во Австралија и боксува во категоријата до 60кг. Ако може Златан со Нада Топчагиќ да влетува на Сан Ремо, можеме и ние со нашето. Пуштете ги звучките на најјако.

Ѓоковиќ ја прекина соработката со Мареј

Добрите другари и стари познаници од тениските терени пред почетокот на 2025-та се договорија за соработка со тоа што Енди Мареј се приклучи на стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ. Но Ноле се уште не стигна до својот јубилеен 100. трофеј во кариерата, испадна рано на неколку турнири по ред па реши да ја прекине соработката со Мареј.

Коза по свој пат на трката Џиро

За време на една рутите на култната трка Џиро д'Италија низ албанскиот град Валона (160км долга патека), една коза поминала низ стотина велосипедисти и на крај решила да скокне накај Новозеланѓанецот Дион Смит.

Сеќавање: 36 години од големиот подвиг на Димитар Илиевски - Мурато

Токму на денешен ден, на 10-ти мај 1989-та година, пред 36 години Димитар Илиевски Мурато, член на ПСП Пелистер од Битола стана првиот Македонец кој се искачил на највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 мнв). Тој не успеа да го преживее спуштањето и засекогаш остана таму.

Парола на денот

Пусти Тотенхем, ниту на маратони не го оставаат на раат.

82-годишен дедо со рекордно време на 100 метри

Кога некој ќе ви каже „ме мрзи сега, остај, батали“ покажете му го 82-годишниот Доминик Стелато кој на една трка за дедовци истрчал 100 метри за 16,02 секунди!

Маратонец во Лондон кој се маскираше во Биг Бен

Ја имаме најлудата маска на маратон која ќе ја видите денеска и општо на сите маратони. Тој ги истрча потребните 42 км, ама заглави на целта.

Кога мајка ти е 8-кратен олимписки медалист

На една атлетска трка за родители на ученици во едно основно училиште во Јамајка, им се погодило мајка на едно од децата е Шели Ен Фрејзер Прајс, една од најдобрите спринтерки на сите времиња.

Волкановски победи во силна борба и го врати шампионскиот појас

Во ноќта меѓу 12-ти и 13-ти април во Мајами, на Флорида се одржа турнирот УФЦ 314. На главниот настан се бореа Александар Волкановски и Диего Лопес а победи македонскиот Австралиец со едногласна судиска одлука.

Историски триумф на 17 годишниот Стефан Тренески на Формула 4

Стефан Тренески продолжува брзо и сигурно да се пробива во светот на елитниот мотоспорт. 17-годишниот талент од Македонија победи на второто издание на Formula4 CEZ Academy, одржано во Чешка.