Ракомет

Сигурдсон партал ги направи ЕХФ

Хрватите се бесни поради организацијата на Европско. За разлика од другите полуфиналисти, тие се сместени во Силкеборг на 40 км од салата, а после два меча одиграни во два дена, 5 часа патувале со автобус од Малме до Хернинг, каде се закажани полуфиналињата.

Докторскиот тајмаут на Лино, тактиката на Шундо и лажниот цепелин на Столе

Покрај незаборавните голови и победи, посебно место во колективната меморија на ракометната јавност имаат и легендарните тајмаути. Моменти кои остануваат врежани како симбол на карактерот, духот и харизмата на македонската ракометна репрезентација.

ЕХФ ги одбра најјаките голови и одбрани од втората групна фаза

Ракометот е пред самиот крај. Остануваат уште полуфиналињата закажани за утре и финалето во недела, како и мечевите во кои се разигрува за 3/4 и 5/6 место. ЕХФ го сумираше најдоброто од втората фаза. 

Моќни снимки и слики од еуфоричното славје на Хрватите

Хрватска е голема ракометна сила со вкупно 15 медали, меѓу кои злато на СП 2003 и две на Олимписките игри 1996 и 2004. Им фали титула само на Европско, каде имаат играно три финалиња. И на овој турнир се во игра за медал, кој би го освоиле ако ја победат Германија. Погледнете ја оваа радост откако синоќа го заверија полуфиналето после триумфот над Унгарија. Во транс се.

Германската машина ја сомле и Франција, оди во големо полуфинале со Хрватска

Ракометарите на Германија и Хрватска се патници во полуфинале откако синоќа ги совладаа Франција 38:34 односно Унгарија 27:25. Со одлична игра двете селекции закажаа меѓусебен дуел кој ќе се игра во дански Хернинг утре од 17:45.

Паличка како октопод

Шведска ја растури Швајцарија со 34:21, победа со која завршија трети на табела и која им носи меч за 5 место. Андреас Паличка беше неприкосновен со дури 20 одбрани или 50% ефикасност. Ова се дел од неговите фантастични одбрани.

Катастрофалната судиска грешка на Шведска - Унгарија

Целото ракометно Европско првенство го следат слаби судиски изданија и од коло во коло има спорни моменти. Синоќа на натпреварот Шведска - Унгарија кој заврши нерешено 32:32, на дваесетина секунди пред крај Унгарците тргнаа по победа. Золтан Шита тргна кон казнетиот простор а во него неправилно го блокираше Хампус Ване кој со обете нозе беше во просторот каде не смее да брани. Швеѓанецот му влезе на Унгарецот во дуел и контакт а судиите Роберт Шулце и Тобијас Тонис досудија пробивање иако беше чист, очигледен прекршок во одбрана за пенал и евентуална победа на Унгарците.

Паличка е луд, фати жива топка од пенал

Шведска одигра нерешено 32:32 и сега има 5 бода на трето место, исто колку втопласираниот Исланд. Погледнете ја одбранава на 39 годишниот Паличка од седум метри. Неверојатно добро изгледа ова.

Хрватската ракометна лекција вредна пласман во полуфинале

На денешен ден пред точно 10 години, Хрватите на ЕП имаа ултра тешка мисија, а тоа е победа над домаќинот Полска од неверојатни 11 гола разлика, за пласман во полуфиналето. Резултатот изгледа речиси достижен, но на крај ќе биде 37:23. Бајка.

Душебаев шоу со цепелин и проектил

Актуелниот европски првак Франција направи чекор назад во битката за полуфиналето на ЕП, откако загуби од елиминираната Шпанија со 36-32. Издвојуваме две мајстории на Алекс Душебаев.

Дефиниција за совршен удар од крило

Данска е неприкосновена светска сила во ракомет и најсериозен кандидат за златото. Не пренесоа бодови во втора фаза поради поразот од Португалија, ама ги совладаа Франција, Шпанија, а синоќа и Германија и работите си дојдоа на свое место. Веќе се полуфиналисти, уште пред скандинавското дерби со Норвешка.

Неверојатната Данска ја сомле Германија и оди во полуфинале

Полетната и млада репрезентација на Германија успеа да и парира на велесилата Данска само во првиот дел. Во вторите 30 минути Питлик и Гидсел заедно искомбинираа дури 15 гола во мрежата на Германците за триумф 31:26 и ставија печат на картата за полуфинале.

Топ 5 одбрани на колото, Волф октопод

Жестоко стана во втората групна фаза на Европското ракометно првенство, каде скоро сите селекции се во игра за нокаут фаза. Голманите имаат врвни одбрани. Погледнете го Андреас Волф до каде ја крена ногата.

Вонсериската партија на Волф кој експлодираше со 22 одбрани

По триумфот над Португалија, Германија славеше со пресврт во вториот дел над Норвешка со 30-28 и со 6 бода е прва на табела со големи шанси за полуфинале. Андреас Волф го заврши мечот со неверојатни 22 интервенции или 44% успешност. 

Спектаклот меѓу Данска и Франција во 3 минути, Гидсел со ролинг го реши мечот

Уште на првиот меч од втората фаза, мераклиите за врвен ракомет имаа привилегија да ги видат на дело актуелниот светски против актуелниот европски првак. Победи светскиот, Данска со 32:29. Ви го препорачуваме цел хајлајтс. Ова е дечки друго ниво на ракомет. Атомски, без здив. Обрнете внимание како Гидсел ги отпиша на 1 минута до крај. На својот начин, со ролинг, како да е најлесната работа во свет. Потоа фрлете и око на групата. Хаос е.

Ја имаме одбраната на првенството и тоа со шпага против Гидсел

Данска и Франција одиграа мега битка која ја доби домаќинот со 32:29. Погледнете ја вртелешката на Гидсел и одговорот на Чарлс Болзингер. За сега, ова е најјаката одбрана на Европското. Многу јак клип.

Како Шпанија го прокоцка финишот со 6 на 4?

Втората фаза го разгоре Европското во ракомет во групата 1, каде се наоѓаат главните претенденти за медалите. Норвешка ја совлада Шпанија со 35:34 после драмолетка во финишот. Шпанците со два играчи повеќе испуштија напад за реми на неверојатен начин. Последната акција беше решена со ВАР. Погледнете ја херојската одбрана на Педерсон, кој го заврши мечот со 11 гола.

Какво голчиште беше ова на Хансен

Ракометот ретко, многу ретко ни носи погодоци од слободен удар и тие се привилегија за гледање. Данска против Норвешка, квалификации за Олимписки игри 2016. Бомба на еден од најсилните бекови во светот кој ја заврши кариерата како европски, двократен олимписки и трикратен светски првак.

ЕХФ: Марко Митев ли е ова или Лук Стеинс?

Средниот бек на Алкалоид отпатува на Европското после тешка повреда, но даде сè од себе за да им помогне на соиграчите и одигра солидно првенство. Погледнете му го влезов како шило. ЕХФ го спореди со луцидниот Холанѓанец кој го носи дресот на ПСЖ.

Мајсторскиот гол на Португалците со кој го срушија светскиот првак

Данското чудо кое се викаше победа од +19, за Македонија да оди во втора фаза, не само што не се случи, туку Данците беа шокирани од Португалија со 29:31. Гидсел даде 8 гола, а кај Португалците браќата Кико и Мартим Коста блеснаа со по 9 гола. Од групата Б понатаму одат Португалија 5 (пренесува два бода) и Данска 4 (не пренесува бодови). Македонија заврши трета со 3 бода, а Романија остана на 0. Погледнете го потегов на Антонио Араја, кој ја отпиша Данска на една минута до крај.

Нов Хичкок финиш во Хернинг, Македонија овој пат слави победа

Македонската ракометна репрезентација ни пререди нова драма во 3. коло на Европското ракометно првенство. Совладата е Романија со голот на Ненад Костески со звукот на сирената.

Огромната фан зона во Хернинг

Данска е ракометна нација. Двократен олимписки и четирикратен светски првак и тоа во низа, кој ја брка третата европска титула. Последен пат славеа на Европско во Србија 2012. Имаат фан зона за пример.

Раул пак на македонски им даваше совети на Србите

Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, на Европското во Данска, Норвешка и Канада тајм-аутите ги држи на македонски. Тоа го правеше против Германија, а синоќа пак и на мечот протв Австрија.