Во периодот од 2:00 минути до околу 30 секунди до крај, Никола Јокиќ против Австралија постигна 4 поени, направи 2 блокади, украде една топка и имаше офанзивен скок. Неверојатно.
Кошаркарите на Србија направија право чудо откако се вратија после -24 поени негатива против Австралија и славеа на крајот во продолженијата. Никола Јокиќ издоминира со 21 поен, 14 скока и 8 асистенции. Го постигна и победничкиот кош на самиот крај.
По Германија која со 13 разлика ја совлада Грција (76:63), во полуфинале денес влезе и Србија која што ја совлада Австралија после продолженија иако во еден момент имаше дури и 24 поени негатива во првиот дел.
Србите сепак им го најдоа лекот на Американците на ОИ, ама не во кошарка, туку во баскет 3x3. Ги декласираа во прво коло со 22:14, по што настана делириум во салата со хитот на Нада Топчагиќ. Златан прв почна на Сан Ремо со оваа песна и потоа сите по него.
Виктор Вембанјама е висок 222 сантиметри, а Јуки Тогаши 167 сантриметри. Најнормално е да помислите дека некој си играл во монтажа, ако не ги знаете фактите за овие двајца.
Од Париз се селиме во Скопје, каде македонската репрезентација до 18 години ја совлада Чешка и сега има 3 од 3 на Европското првенство - Б дивизијата. Стефан Стојковиќ заслужува внимание со ова забивање, кое не се гледа секој ден во нашиот јуниорски национален тим. Браво дете.
Кошаркарското дерби на Олимписките игри заврши со голема предност на Американците, кои се испостави дека работата ја завршиле додека МВП-то седел на клупа.
Јужен Судан го совлада Порторико со 90:79 и со тоа ја запиша првата победа на Олимписките игри по незавосноста во 2011-та. Затоа пак Порторико веќе го има потенцијалното забивање број 1 на овие Олимписки игри. Дрскиот потег е дело на Џорџ Кондит.
Втор гаф од организициски аспект на Олимписките игри. Јужна Кореја на церемонијата на отворањето на ја претставија како Северна, а на Јужен Судан против Порторико во кошарка, ја пуштија химната на Судан. Инаку се работи за две непријателски соседни земји. Јужен Судан се здоби со автономија после граѓанска војна, а во 2011 година доби независност и беше прифатена во Обединетите нации.
Србија беше убедлива во тест мечот против Грција пред Олимписките игри и славеше со 22 поени разлика. Веројатно најатрактивниот момент на мечот е блокадата на Никола Милутиновиќ во дуел со Јанис Антетокумпо.
Србите ја темпираат формата пред Париз 2024. По високиот триумф над Јапонија со 19 поени разлика, Грција ја победија со +22. 16 поени, 8 скока и 6 асистенции за МВП-то на сезоната во НБА, кој одлично го разигруваше тимот.
Богдан Богдановиќ и брат му на Јанис, Танасис Антетокумпо се поздравија како на слава. Инаку Србите во пријателска пред стартот на Олимписките игри ја добија Грција убедливо со 94:72.
Ненадминливото интро на Чикаго Булс, од кое ни проаѓаат морници и по 30 години, ечеше во еден француски ресторан на Миконос со помош на саксофон. Повод е гостинот кој се вика Мајкл Џордан. Немаме инфо колку бакшиш оставил. Атмосферата е прекрасна.
Деветнаесет годишната јапонска гимнастичарка и капитен на женската гимнастичарска репрезентација на Јапонија Шоко Мијата е исфрлена од селекцијата и нема да патува на Олимписките Игри во Париз.
Обично немаме можност да ја слушаме комуникацијата на судиите со играчите, тренерите и неговите помошници. Ама еве и такво нешто. Смирен, позитивен, насмеан и пред сè комуникативен со сите. Знае како да комуницира, ама и да слуша. Роден судија.
Лука Дончиќ и Никола Јокиќ се освежување кое направи револуција во НБА лигата. Ама дечките не се цареви само на терен, туку се оригинални и надвор од паркетот. Добро, кој друг цар до сега ја сместил „Мики Милане“ од Вера Матовиќ во реклама за патиките на Мајкл Џордан, бренд на кој словенечкиот ас е заштитно лице.
Никола Јокиќ оствари дабл дабл учинок од 14 поени, 14 скока и 3 асистенции на подготвителниот меч на Србија против Австралија за Олимписките игри, која го загуби 84:73. И баш за него немаше дрес, па економот со спринт се упати во соблекувална.
Кошаркарската репрезентација на САД доаѓа на Олимписките Игри летово во Париз во можеби најсилен состав во историјата. Селекторот Стив Кер ги одбра најголемите суперѕвезди но не го повика МВП-то на големото финале на НБА и новиот шампион со Бостон Селтикс Џајлен Браун.