Во дербито на денот од втората фаза на Светското првенство, во Манила утрово Италија трет пат по ред ја победи Србија во меѓусебен дуел а да во еден момент од мечот губи -16, -17 поени разлика. Симоне Фонтекио, кошаркарот на Јута Џез беше најрасположен кај аѕурите кои повторно како и лани на Европското првенство се вратија од голема резултатска негатива и лесно ја совладаа изгубената Србија.