Историја во НБА, Леброн Џејмс ќе игра заедно со син му

По многубројните најави и шпекулации, сега и официјално Леброн Џејмс и Брони Џејмс се првите татко и син кои ќе имаат можност да играат заедно во НБА за тимот на Лос Анџелес Лејкерс.

Леброн Џејмс Јуниор или скратено Брони е 19 годишен бек шутер од Универзитетот во Северна Калифорнија кој е избран како 55-ти пик на драфтот.

Роден е во 2004-та, кога неговиот татко беше 19 годишен дебитант во тимот на Кливленд. 19 и пол години пoдоцна и двајцата се во Лeјкерси како први татко и син заедно во НБА и тоа во ист клуб. 

Тој не беше меѓу 60-те пикови на драфтот, но Лејкерс го избраа во втората рунда како франшиза која имаше можност да бира од 55-та позиција.

Го сметаат за голем потенцијал, кој игра добро и во напад и во одбрана и ја истакнуваат неговата кошаркарска интелигенција и несебичност. Го споредуваат со Лонзо Бол и Џру Холидеј.

Познат е по добриот шут од далечина, но и неверојатниот одраз. На последното мерење се одразил 103 сантиметри. 

Брони Џејмс минатата сезона во НЦАА лигата за нешто помалку од 20 минути поминати на терен, имаше просек од 4,8 поени, 2,8 скока и 2,1 асистенции по натпревар.

Инаку минатото лето беше опериран откако преживеа срцев напад.

28 јуни 2024 - 08:58