Кошарка

Невообичаен кошаркарски габарит здроби под кош и запиша историски пресврт

Дуото Јокиќ-Дончиќ е мега актуелна балканска приказна во НБА и поим за доминација, но пазете ја вие оваа женска кошаркарска атракција која ги наполни насловните страници во САД.

Босански тајм аут кој требал да оди без звук

Јосип Панџа е релативно млад тренер од БиХ, генерација 87-ма, а го води хрватскиот кошаркарски клуб Шибенка кој загуби во АБА 2 од Сутјеска. Не им добро, имаат 1 победа и 11 порази. Мислевме дека Жељко и Вујо се најмногу по пцуењето.

Во НБА три години немало толку забивања на еден меч

Далас Маверикс со 113:97 ја совлада Јута Џез и одржа чекор во трката за плејоф пласман. Мавси ги водеше нивниот лидер Лука Дончиќ со 34 поени, девет скока и осум асистенции а одличен беше и Даниел Гафорд со 24 поени, седум скока и пет асистенции. На овој натпревар за првпат после три години во НБА имаше 18 забивања. Од 2021-ва на еден дуел немало толку „куцања“.

Амбиентот на Партизан - Реал Мадрид

Европскиот шампион Реал Мадрид уште еднаш ја потврди својата класа откако синоќа во Белград ја запиша 24. победа во Евролигата. „Кралевите“ славеа 76:88 против Партизан и го потврдија и теоретски првото место на табелата. Црно-белите ги чека жустра борба за место кое води во плеј-ин разигрувањето.

Не е нормален, почна и зад кош да постигнува поени

30 поени, 14 скока и 11 асистенции. Трипл дабл број 22 сезонава, вкупно 126 во регуларниот дел од сите сезони плус 16 во плејоф битките прават вкупно 142 во кариерата.

Добар ли е Харден со паметот?

Лос Анџелес Клиперс води против Портланд со 21 разлика. „Брадата“ лабаво, како во маало со другарите, оди да лепи играч кој шутираше тројка, ама играч од негова. И овој промаши нормално.

Новак изведе тројка како Леброн, овој му одговори

Најдобриот светски тенисер го искористи престојот во САД да изгледа неколку врвни НБА натпревари меѓу кои и дерби дуелите Голден Стејт Вориорс - ЛА Лејкерс. Додека бил во „Крипто Арена“ (некогашен Стејплс Центар) го имитирал Леброн во шутот за три поени а Џејмс му одговори: „Хахахаха, нималку лошо пријателе мој! Право во центар“

Реакцијата на Кајл Андерсон додека Едвардс забива како луд

Ентони Едвардс одигра фантастична партија против Јута со 32 поени, 7 скока, 8 асистенции, 2 блокади и една украдена топка. Но она што ќе го памети цел живот е забивањето на кариерата кое ќе му го пуштат веднаш после натпревар. Реакцијата на Андерсон е прајслес.

Монструозно забивање на Ентони Едвардс, има двајца повредени

Минесота Тимбервулфс ја доби Јута Џез со 114:104, а НБА го доби можеби најјакото забивање на сезоната или барем едно од најјаките. Ремек делото го режираше големата ѕвезда Ентони Едвардс кој ја заби брутално преку Џош Колинс. Страшен потег во стилот на Винс Картер.

Судир меѓу Јабуселе и Кампацо, ама Серхио Љуљ е стар волк

Во дербито на 25. коло од шпанската АЦБ лига, Реал Мадрид на гости ја совлада Уникаја 81-87. Најефикасни беа Џанан Муса со 19 поени, четири скока и три асистенции, Факундо Кампацо со 11 поени и седум асистенции како и Еди Тварес со 11 поени и шест асистенции. Во еден момент жестоко се скарале незгодниот Жерсон Јабуселе и Кампацо а Љуљ приметил дека „некој меѓу нив не е нивен“.

Прекин во Чаир, МЗТ напуштил терен поради физички напад

Во натпревар од 20. коло во Првата македонска лига синоќа меѓу Чаир 2030 и МЗТ Скопје се случи прекин затоа што при резултат 42-44 за гостите, на полувреме биле физички нападнати играчите и тренерите на Аеродромци.

Јокиќ има финта со врзување врвки

Навивачите во САД забележале еден интересен детал. Приметиле дека Никола Јокиќ веќе неколку пати кога има некоја спорна судиска одлука, пред да продолжи играта застанува да ги врзе врвките и со тоа им дава време на тренерот и клупата на големиот екран горе да видат дали да бараат прегледување на снимка. Неколку пати му успеало и прашање е дали овој тренд ќе се рашири во НБА па лигата да мора да реагира.

Јокиќ за зборот кој не се преведува на англиски

Најдобриот кошаркар во НБА кој е многу блиску до уште една МВП награда во кариерата, синоќа одигра нова страшна партија со 21. трипл-дабл во кариерата. Србинот постигна 35 поени со 17 скока, 12 аситенции и шест одземени топки и беше најзаслужен за големиот пресврт на Денвер Нагетс кој губеше -21 поен разлика на полувреме од Торонто Репторс но на крај победи.

Денвер се врати од -22, Јокиќ со ѕверска партија

Актуелниот шампион Денвер Нагетс направи голем пресврт на свој терен против Торонто Репторс и на крајот славеше 125:119. Број 1 на мечот кој друг ако не Никола Јокиќ.

Рефлектор на кошаркарски меч во Шпанија за влакно не направи голема беља

Басконија и Барселона се сретнаа во дерби меч од шпанската лига, кој за среќа заврши без жртви и повредени. За време на еден тајм аут, рефлектор падна на паркетот од бајаги високо и тоа многу блиску до мажуретките кои во тие моменти ја забавуваа публиката.

Мајк Џејмс - најдобриот Американец во Евролигата

Во најдобрата европска кошарка играле илјадници кошаркари од САД. Имало и сериозни ѕвездени имиња кои доаѓаа од НБА, но ретко кој оставил трага како Мајк Џејмс.

Партија на Ентони Дејвис каква што не е видена во НБА

Лос Анџелес Лејкерс продолжи со добрата форма и ја совладаа Минесота Тимбервулвс 120:109. Ентони Дејвис постигна 27 поени со дури 25 скока и седум украдени топки и пет асистенции, учинок каков што досега немало во НБА. Тој стана и првиот играч во историјата на лигата кој на еден меч имал најмалку 25 поени со најмалку 25 скока.

Ќе ти го удрам баскетот од глава

Бугарски циркуз меѓу Левски и Шумен. Нервите ги губи Златин Георгиев, а нападнатиот е Карим Мане, инаку Сенегалец и поранешен НБА кошаркар од Орландо Меџик.

Кевин Гарнет со пар силни реченици за Јокиќ

Не треба да се објаснува кој е Кевин Гарнет и каков играч беше, туку треба внимателно да се слушаат неговите поенти, односно страста со која се изразува за играта на Србинот, кој и оваа сезона го става за прв избор за МВП, пред Лука. Другиот гостин во подкастот е Пол Пирс.

Јокиќ ја удри од табла, Гордон ја заби лудачки ко Шон Кемп

Дечките задолжени за правење топ листи со најјаки забивања во НБА, туку што добија доста квалитетен материјал од актуелните шампиони.

Нови доминанти партии на Лука Дончиќ и Никола Јокиќ

Кошаркарите на Далас Маверикс ја прекинаа низата порази со триумф над Мајами Хит 114:108. Лука Дончиќ забележа нов трипл-дабл учинок со 35 поени, 11 скока и 11 асистенции. Дончиќ влезе во историјата на НБА како прв играч кој имал дури пет трипл-дабл учиноци по ред со најмалку 35 поени по ред.

Избегната тепачка на Реал Мадрид - Фенер

Актуелниот европски првак Реал Мадрид е во мини криза. Синоќа во дербито на колото во Евролига го претрпеа и третиот пораз во низа, овојпат од Фенербахче 79-89. Турскиот тим беше подобар ривал во текот на целиот меч, а во еден момент настана кошкање меѓу Ник Калатес и Факундо Кампацо кое брзо се смири а за секој случај се приближи и Жерсон Јабуселе.

Трипл-дабл учиноците во НБА ги држат Европјани, лидер е Сабонис

Сакраменто Кингс со 130-120 го доби дербито на Калифорнија против ЛА Лејкерс. Играч на мечот беше ДеАрон Фокс со 44 поени за Кингс, а Литванецот Домантас Сабонис забележи уште еден трипл-дабл учинок со што и натаму е убедливо прв во НБА според оваа категорија, дури и пред Јокиќ, Дончиќ и Антетокумбо.

Јокиќ го прекина за момент пресот и фати да рапува

Го има ритамот на терен, го ритамот и после натпревар, само треба песната да му ја погодите.