Кошарка

Каква партија на Ненад Димитријевиќ против ЦСКА Москва

Најдобриот македонски кошаркар веќе некое време држи кошаркарски часови во најдобрата руска лига. Така синоќа, минатогодишниот МВП на лигата, постигна 38 поени со само едно промашување од игра во триумфот на неговиот УНИКС Казан 78-84 против гигантот ЦСКА Москва која од клупата ја води Емил Рајковиќ.

Ашколсун Шенгун: Нов турски рекорд во НБА

Дваесет и едно годишниот центар Алперен Шенгун, роден во Ѓиресун, Турција е нов турски рекордер во најсилната светска лига.

Забивање на вечерта - постер од Феникс

Феникс Санс го совлада шампионот Денвер Нагетс на гости 117-107 после продолженија. Јокиќ и Мареј беа најефикасни кај домаќинот а Кевин Дурент со 35 поени, 8 скока и 5 асистенции го реши дуелот. Бекот на Санс Сабен Ли имаше само четири поени но и најатрактивно забивање на вечерта во НБА. Преку Зик Наџи.

Нов Сомбор шафл, одлична партија на Јокиќ но пораз на Денвер

Во „Бол Арена“ во Денвер, пред своите навивачи Нагетс изгубија после продолженија од Феникс Санс 107:117. Никола Јокиќ постигна 25 поени со 16 скока и пет асистенции за 44 минути на паркетот. Џамал Мареј беше најефикасен со 28 поени, седум скока и девет асистенции, но ни двајцата не можеа со Кевин Дурент кој постигн 35 поени со осум скока и пет асистенции.

Дивац за Јокиќ на Олимписки Игри 2024

Средбата ЛА Лејкерс - Денвер Нагетс пред неколку вечери од прв ред ја следеа и Новак Ѓоковиќ и Владе Дивац. Легендарниот кошаркар после мечот поразговарал со Никола Јокиќ а сега во разговор за SiriusXM NBA Radio одговара на прашањето дали Јокиќ ќе игра на летните Олимписки Игри во Париз 2024.

Лилард - сам против цел ЛА Клиперс

Во дербито на вечерта, Милвоки Бакс на домашен паркет го совладаа ЛА Клиперс 113:106 а јунак на вечерта беше една од многуте суперѕвезди на паркетот Дамијан Лилард.

Неверојатен 31 скок на Нуркиќ, нешто невидено во НБА 14 години

Нема насловна страница во НБА која ќе мине без некој подвиг на Балканец. Овој пат во записникот на статистичарите влезе Босанецот од Феникс со несекојдневна бројка.

Мега средба во НБА: Јокиќ, Дивац и Ѓоковиќ

Три српски легенди се собраа на едно место и направија клип кој многу тежи. Никола Јокиќ, Новак Ѓоковиќ и Владе Дивац. Се работи за меч во Лос Анџелес на кој Леброн Џејмс стана прв играч во историјата на НБА со 40.000 поени, но забавата му ја расипа се знае кој, Јокиќ со 35 поени и 10 скока, како и победа од 124:114. Новак го прекина интервјуто за да се поздрави со својот сонародник.

Како Лесор го скрши обрачот на Реал Мадрид

Панатинаикос игра одлична сезона под водство на новиот тренер Ергин Атаман (17-10). Синоќа со 87-96 го совладаа Реал во Мадрид и му го нанесоа првиот пораз на негов терен сезонава. Матијас Лесор со 26 поени, седум скока и четири асистенции беше МВП на мечот. Кендрик Нан додаде 17 поени со 7 асистенции а Костас Слукас додаде 16 поени со шест асистенции.

Се тресеа сводови во Арена од овации за Жељко Обрадовиќ

По долгата пауза се врати кошаркарската Евролига. Партизан со убедливи 100-90 го совлада турскиот гигант Анадолу Ефес. Прв стрелец во триумфот беше Алекса Аврамовиќ со 30 поени а кај гостите Вил Клајбрн со 17 поени и 4 скока. Мечот го одбележи неверојатниот прием на Жељеко од страна на навивачите.

Стеф Кари го торпедира Њујорк Никс со 8 тројки

Голден Стејт Вориорс на крилјата на Стеф Кари ја запиша и седмата гостинска победа по ред во НБА лигата. Ова е и 31. триумф на тимот на Стив Кер.

Лука мајсторе, од каде ваквите идеи во напад?

Далас Маверикс веднаш им се врати на победите после поразот од Кливленд со шут од пола терен и повеќе. Дончиќ на средбата со Торонто Репторс запиша нов трипл дабл, 11-ти сезонава, а атрактивните потези веќе не може да му пофатиме, како и оние на Јокиќ. Кој очекуваше дека вака ќе ја подаде?

Роденденска доминација на Лука Дончиќ

На денот на својот 25-ти роденден, големиот ас го водеше Далас Маверикс до триумф на мечот против Торонто Репторс 136:125.

Никола Јокиќ е чудо - четврти трипл-дабл по ред

Кошаркарите на НБА шампионот Денвер Нагетс синоќа во Колорадо на свој паркет го совладаа Сакраменто Кингс 117:96 со уште еден трипл-дабл учинок на Јокиќ.

Кога на Лука ќе му дадеш баскет, а тој со влечки како по дома

Излишно е веќе што и да кажеме. Будали се и он и Кари.

Лудиот кош на Кливленд од 18 метри е втор најдалечен во историјата на НБА

Кливленд Кавалирс и Далас Маверикс го одиграа најинтересниот меч од регуларниот дел сезонава. Домаќинот кој е неочекувано и изненадно втор на Истокот, славеше 121:119 со кош од преку половина во последна секунда!

Дончиќ и Далас настрадаа поради лудачки кош со звукот на сирената

Нова маестрална партија на Лука Дончиќ кој се чинеше дека го реши Кливленд со убава асистенција во финишот вредна победа. Но овој пат играч од спротивниот табор се претвори во Дончиќ и цела сала ја фрли во делириум.

Љубомир Николовски - синоним за НБА со 800 преноси и 7 Ол стар викенди на лице место

Снимил интервју со Мајкл Џордан, но и со Дејвид Штерн, привлилегија која ја немал друг македонски новинар. Па дури и седел на маса со луѓе од менаџерската агенција на Џордан за да разговара за трансфер за Пеце Наумовски. Да е само тоа. Тек да чуете што се случило кога му ги дал лентите од поразот на Реал Мадрид од МЗТ, директно на Жељко Обрадовиќ в раце.

Интересен нов документарец на НБА за Никола Јокиќ

Малку е познат деталот дека за време на НБА драфтот во 2014-та кога Денвер Нагетс го одбраа како 41. пик во тој момент во преносот оделе реклами па речиси никој не го ни приметил Србинот кој ќе стане двократен МВП најдобар кошаркар и шампион во НБА.

Кој ти вика немало атмосфера на баскет во САД?

На универзитетската, колеџ и средношколска кошарка во САД има далеку пожустар амбиент отколку во салите каде се игра НБА. Пример за ова е мечот од Католичката лига во Филаделфија каде тимот Роман Католик го совладал тимот Архибишоп Рајан 46:45 во продолженија.

Драјмонд Грин за Јокиќ

Четирикратниот НБА шампион Драјмонд Грин важи за еден од најгрубите кошаркари во лигата во последните години. Никој никогаш како него не се изнаплаќал толку парични казни и не бил толку често суспендиран поради наглите груби фаули, прекршоци и тепачки кои ги предизвикал. Зборува против сите и секого ама сега конечно покажа респект против најголемиот.

Јовиќ како Јокиќ, го научи Батлер по некој српски збор

Изненадно и интересно, српскиот репрезентативец Никола Јовиќ станал многу близок другар со суперѕвездата и лидер на Мајами Хит Џими Батлер. Тие двајца често се дружат и надвор од паркетот, а така било и синоќа кога беа суспендирани на 1 меч па не играа на дуелот Мајами Хит - Сакраменто Кингс (121:110). Џими побарал од Јовиќ да го научи како се скандира за Мајами Хит на српски јазик.

Како Нено ја работеше полската одбрана

Плејмејкерот на Уникс Казан синоќа ја одигра една од најјаките партии во дресот на Македонија, која ја оствари една од највисоките гостински победи во историјата. Димитријевиќ беше маестрален со 32 поени, 8 скока и 8 асистенции и едноставно беше незадржлив. Погледнете по колку играчи го опколуваа и не можеа да го сопрат.

Блескава победа на Македонија во Полска, Димитријевиќ маестрален

Македонската кошаркарска репрезентација го одигра можеби најдобриот меч во последните неколку години откако убедливо ја растури Полска на гости 71:96.