Има ли длабока позадина во изненадната трампа на Лука Дончиќ?

Медиумите во САД, кошаркарите во НБА и други аналитичари, сè уште не можат да најдат логично објаснување и одговор на прашањето зошто Далас Маверикс решил преку ноќ да се откаже така лесно од еден од најдобрите кошаркари во лигата?

Во неделата рано наутро светот на спортот се шокираше по веста дека Далас Маверикс самоиницијативно се откажал од Лука Дончиќ односно го понудил за трампа во ЛА Лејкерс кој со широко отворени две раце ја прифатиле понудата.

И понатаму на многумина не им е јасно зошто Дончиќ е трампан во Лејкерс, а една од теориите која добива се повеќе простор во јавноста во САД е дека тоа било деловна одлука на новите газди на Далас Маверикс кои имаат идеја екипата еден ден да ја преселат во Лас Вегас (?!).

Марк Кјубан, долгогодишниот прв човек на Далас Маверикс во летото 2024-та ги продаде мнозинскиот пакет акции во клубот и веќе нема никакво влијание ниту позиција во кошаркарските операции па јасно е дека случајот Лука Дончиќ е директна политика на новата управа.

Нови сопственици на Далас Маверикс е семејството Аделсон којшто го купи клубот од Марк Кјубан (операцијата за продажба на клубот била вредна меѓу 3,8 и 3,9 милијарди долари). Семејствата Аделсон/Думонт купиле 77 посто од акциите на Далас Маверикс, Марк Кјубан задржал 23% од акциите.. Ова семејство Аделсон успешно се занимава со казино-коцкарски бизнис во Лас Вегас и се сопственици на ланецот коцкарници „Сандс Лас Вегас Казино“.

Фамилијата Аделсон не сакала да купи кошаркарски тим за забава и хоби, туку да го зголеми влијанието во Тексас и во политички цели и да го легализира коцкањето и казината во оваа сојузна држава во САД.

Ова во САД и не е никаква тајна, а со оглед на тоа што сенатот на владата на САД (мнозински повеќе се републиканците) не сакаат да слушнат одобрување на коцката во Тексас, газдите на Далас Маверикс имаат нов план.

Фамилијата Аделсон на чело со Миријам, сопственичката на Далас Маверикс не ја крие својата намера да го прошири својот бизнис и сакаат да го преселат Далас Маверикс во Лас Вегас каде ќе можат да ја користат франшизата во разни цели без никакви последици какви што сигурно би имале во Тексас.

Миријам Аделсон е инаку блиска со старо-новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

Оваа теорија можеби звучи неверојатно и лудо, но има смисла ако сите „докази“ се земат во предвид.

Законоднавниот тексашки Совет одржал седница во 2023-та година, а пред овој Совет, милијардерката Миријам Аделсон чие семејство има ланец на казина, дала 3,3 милиони долари на политичари и политички комитети во својата борба и лобирање за легализација на коцкање и дозвола за изградба на лускузни казино одморалишта во Тексас.

Законите кои поддржуваат игри на среќа минатата година немале никаков успех во Законодавниот совет, но Миријам Аделсон оди со уште поголеми чекори кон состаноците закажани во Советот за 2025-та година. За тоа во 2024-та распределила околу 13,7 милиони долари во донации во првите десет месеци од минатата година.

Донациите воглавно одат во правец на двете најголеми политички страни, односно двата комитети кои ги распределиле парите од лобирање кај законодавците, кај кандидатите и другите политички комитети ширум Тексас.

Повеќе од 8,2 милиони долари завршиле во џеб кај Републиканци, меѓу кои и 14 донации за републиканци во Претставничкиот дом и особено големи средства за лидерите на Законодавното тело (200.000 долари за потпретседателот и гувернер Ден Патрик кој претседава со Сенатот) и 1,02 милиони долари за предстедателот на Претставничкиот дом Дејд Фелан.

Фелан кој е републиканец од Бомонт, добил и лично 50.000 долари од Миријам Аделсон и тој е единствено официјално лице кое добило директна донација од неа.

Демократите од Миријам Аделсонд обиле 948.500 долари лично. Ден Патрик рекол дека ланецот „Лас Вегас Сандс“ нема доволно поддршка меѓу републиканците во Сенатот за изгласување закони кои би легализирале коцкарници.

Покрај тоа, платформата на Републиканската партија во Тексас од 2024-та остро се противи на проширување на коцкањето на нивна територија и бара од законодавците да одбиваат донации од групи или лобисти кои поддржуваат коцкање.

КАКВА ВРСКА ИМА ЛУКА ДОНЧИЌ СО СЕВО ОВА?!

Да се вратиме на кошарката и малку подобро да ја погледнеме анализата на спортскиот новинар Кристофер Кратовил кој е голем навивач на Далас Маверикс уште од '80-те години.

Далас Маверикс го трејдуваа Лука Дончиќ, суперѕвездата која лани ги донесе до големото финале и има 25 години а за возврат да го добијат Ентони Дејвис кој е седум години постар и има историја на потешки повреди.

Новинарот Кристофер Кратовил смета дека од кошаркарски агол оваа трампа нема ама баш никаква смисла (како што помислија и сите останати освен некои „стручњаци“) и дека за оваа трампа има некошаркарско објаснување.

Крис Кратовил смета дека семејството Аделсон и семејството Думонт кои имаат мнозински пакет акции во Далас Маверикс не кријат дека кошарката баш и не ги интересира и дека само сакаат да го зацврстат своето царство казина и да го сменат законот во Тексас.

Теоријата вели дека на сопственците на Далас Маверикс многу повеќе им одговара екипата да не биде толку силна, популарна и конкурентна (лани играа финале на НБА до кое ги водеше лично Лука Дончиќ и плус го доведоа Клеј Томпсон од Голден Стејт Вориорс), развојот на тимот никого од навивачите да не го интересира повеќе и да имаат основа да ги условуваат политичарите за законите или во спротивно ќе ја префрлат екипата во друг град. Тоа би им било „адут“ во рацете во борба и условување на политичарите кои се на позиција и имаат моќ на одлучување.

Реално НБА лигата никогаш не би дозволила да згасне франшиза од еден од најголемите американски пазари но ако на тој пазар немате публика, ако Арената која што е дамнешна и никој не привлекува па седиштата остануваат празни, лигата можеби и би прифатила франшизата да се пресели во Лас Вегас како би пробале да најдат нова публика.

А навивачите на Далас Маверикс се чувствуаат предадено. Никогаш не се случило ваква трампа во НБА и ваков бес меѓу навивачи. Многумина веќе рекле дека се откажуваат од своите сезонски карти а Мавс одлучиле да им ги рефундираат парите ако се решат на таков чекор (уште една теза која оди во прилог на гореспоменатата теорија).

Далас Маверикс изгуби 700.000 следбеници на друштвените мрежи откако управата реши да се откаже лесно од саканиот Лука Дончиќ.

Дека целата зделка не била преку ноќ докажува и говорот на генералниот менаџер на ЛА Лејкерс, Роб Пелинка кој на промоцијата на Лука Дончиќ рекол дека целата идеја „истекнала“ пред околу месец дена кога пиел кафе со генералниот менаџер на Далас Маверикс Ник Херисон кој му ја кажал оваа луда идеја.

Во соопштение за тексашките медиуми кое лично го пренел Нико Харисон, семејствата Аделсон и Думонт велат дека „остануваат верни на Далас и Форт Ворт и дека немаат планови да ги преселат тимовите од Северен Тексас“.

Via 

5 февруари 2025 - 13:27