По Александар Саша Везенков кој како најдобар играч, МВП на Евролига отиде во НБА па се врати во Олимпијакос, црвено-белите од Пиреја ангажираа уште едно страшно засилување за новата сезона. Во Олимпијакос дојде 31-годишниот Французин Еван Фурние после цели 10 години во НБА лигата каде играше за Денвер Нагетс, Орландо Меџик, Бостон Селтикс, Њујорк Никс и Детроит Пистонс.