Магијата на Дончиќ веќе работи и во Лејкерс

Дончиќ се претстави пред публиката во Лос Анџелес, навивачите носеа маица со неговиот број и презиме, а Лука покажа и дел од својот репертоар. На неговото деби ја победија Јута Џез, а синоќа против истиот ривал ЛА Лејкерс забележа пораз 131:119 па „џезерите“ им се одмаздија за поразот пред две вечери.

Одбраната на Јута Џез не знаеше што се случи:

Дончиќ имаше 16 поени но и слаба шутерска вечер (6/13 за два и 3/8 за три, а погоди и само едно од пет слободни фрлања).

Леброн Џејмс заврши со 18 поени, а јунак на мечот кај Јута Џез беше Финецот Марканен со 31 поен.

13 февруари 2025 - 09:20