Кошаркарите на Атланта Хокс загубија и на гостувањето кај Минесота со што заредија четири порази во серија, а нашиот Перо Антиќ се повреди откако згазна на тренерот.
Лејкерси го растурија Њујорк со 127:96, а предводник на победничкиот тим беше Ник Јанг со 22 поени. Тој погоди пет тројки, но имаше и едно промашување од зад линијата за три кое тој си го прослави.
Новоназначениот претседател на Њујорк Никс се врати во клубот каде што ја започна кариерата во 1967 година. Како играч нема многу за фалење, но зборуваме за најдобриот тренер во историјата на НБА со доста бурен живот зад себе.
Водителите на НБА шоуто The Starters дискутираа за интересна практика на Перо Антиќ. Тој си го вежба шутот за три на празно. Можеби и тоа е причината за успешноста на Антиќ од зад линијата за три поени. Со реализација од 35,3% тој е најдобриот тројкаш помеѓу центрите во НБА.
Жељко Обрадовиќ 13 години ја пишуваше историјата на европската кошарка на клупата на Панатинаикос, но во 2012-та година се пресели во Фенербахче. По година и пол тој се врати во ОАКА.
Оставете сè што работите и во следните 2 минути уживајте во 3D проекцијата која Кливленд Кавалирс ја подготвија во чест на повлекувањето на дресот на Жидрунас Илгаускас.
Интересен графички приказ на просечниот број додавања помеѓу играчите од еден тим во НБА. Антиќ најмногу си додава со Тиг, а најмногу пасови во НБА си разменуваат Грифин со Пол од Клиперси и Лав со Рубио од Минесота.
Интересна анализа на статистиките од страна на ESPN според која може да се донесе заклучок дека тренерите грешат кога бараат тајм-аут во последните минути од кошаркарските натпревари.
Кошаркарите на Атланта Хокс го совладаа Торонто по дополнителни пет минути и ја продолжија серијата од пет победи. Перо Антиќ учествуваше со осум поени.
На школски натпревар во САД со звукот на сирената на крајот од првото полувреме, падна ретко виден кош со една рака и тоа од едниот до другиот крај на паркетот.
Уште едно солидно издание на Перо Антиќ за четврта победа во серија на Атланта Хокс. Со „дабл дабл" учинок на Антиќ, Атланта ја победи екипата на Шарлот со 97:93.
Лојд Стрикленд кој настапува во канадската колеџ лига за малку не направи чудо. Тој се збрлаве во последните мигови од средбата кога почна сите да ги дрибла и да погодува тројки од кај ќе стигне. И покрај лудата серија, неговиот тим загуби со поен разлика.
Перо Антиќ одигра уште еден одличен натпревар и постигна 16 поени при победата на Атланта над Денвер, а од ова негово издание се издвојуваат два моменти.
Кошаркарите на МЗТ Скопје триумфираа на првата од последните три пресметки во регионалната АБА лига во која го бркаат шестото место на табелата кое носи излез во Европа. Тимот од Аеродром беше подобар од босански Широки со 82:71.
Блејк Грифин немаше абер за да се вклучи во акцијата на своите соиграчи кои не успеаа со три поени да го завршат нападот. Но кога требаше тој никна како печурка.
Резервите обично се досадуваат на клупата, но кошаркарите на еден американски колеџ покажаа дека некогаш таму може да биде поинтересно и од случувањата на теренот.
Кошаркарите на Атланта Хокс ставија крај на црната серија. По шест порази во низа на шестото врзано гостување Атланта славеше кај Јута, а Перо Антиќ повторно одигра значајна улога со двоцифрен учинок.