Кошарка

Џабе полна сала, Љуљ и Таварез пак ги оладија Партизановци

Во натпревар без никаков резултатски значај зошто Партизан и покрај тоа што потроши десетици милиони евра на трансфери и плати на преплатени странски кошаркари, повторно извиси и остана без место во плејофот на Евролига. Реал Мадрид синоќа славеше во преполната белградска „Арена“ со кош постигнат во последна секунда на Таварес со звукот на сирената. Претходно црно-белите имаа 10+ предност во последна четвтрина.

Лудо забивање со нереално промашување на Винс Картер

Со неговите дрски и без пардон забивања, Винс Картер одбележа една незаборавна ера во НБА, долга 22 сезони. До 42 години не се даваше под кошевите и настапуваше за 8 екипи. Дебитираше во дресот на Торонто 1998-ма. Па дури и со уткава е атрактивно да се гледа неговиот финиш.

Првиот трипл-дабл на Хрватот Зубац во НБА

Лос Анџелес Клиперс го совлада Хјустон Рокетс 134:117 и стигна до 48-ма победа во сезоната со која уште стои добро во трката за пласман во разигрувањето. Хрватскиот кошаркар Ивица Зубац кој игра сезона на животот во НБА, после дури 56 дабл-дабл учиноци, стигна до првиот трипл-дабл и бил пресреќен.

Дали е Расел Вестбрук проблемот на Денвер Нагетс?

Управата на Денвер Нагетс реши да го отпушти тренерот Мајкл Мелоун и генералниот менаџер Калвин Бут поради тоа што тимот западна во сериозна криза со неколку порази по ред но и слаба форма на играчите баш пред разигрувањето. Медиумите во САД тврдат дека Бут и Мелоун имале лош однос, не разговарале еден со друг а дека првиот често му се мешал на вториот во изборот на играчи. Еден од оние за кои не се согласувале бил ветеранот Расел Вестбрук.

Изјавата на Јокиќ за отпуштениот тренер Мелоун

Никола Јокиќ и Мајкл Мелоун имаат посебен однос, станаа одлични семејни пријатели и соработници на паркетот и надвор од него. Освоија титула во 2023-та година па Јокиќ сега даде прва изјава по отказот кој го доби тренерот Мелоун од управата.

Лука Дончиќ се расплака по враќањето во Далас, па ги разби со 45 поени

Лука Дончиќ за првпат се врати во Далас по трампата во Лос Анџелес и на управата на Маверикс ѝ покажа зошто направила историска грешка што решила лесно да се откаже од него. Ги развали со 45 постигнати поени!

Никола Јокиќ по свое, со трипл-дабл го пречека новиот тренер

Кошаркарите на Денвер Нагетс им се вратија на победите откако синоќа со 124:116 го совладаа Сакраменто Кингс под водство на новиот тренер, досегашниот помошник тренер на екипата Дејвис Аделман а по отказот кој го доби досегашниот тренер Мајкл Мелоун.

„Бади здраво, ова е Стеф Кари, најдобриот шутер на светот“

Со големиот господин и еден од најдобрите тренери на сите времиња, Стив Кер, и со доаѓањето на врвниот Џими Батлер во февруари, Голден Стејт повторно игра маестрално и од тогаш имаат 22 пбоеди и само 6 порази. Во тој период и Стеф Кари уште повеќе ја подобри формата. Во убедливиот триумф на Голден Стејт Вориорс против Феникс Санс 133-95 Стеф Кари во еден момент бил сам на шут, а Бади Хил не му ја додал топката. Стив Кер повикал тајм-аут.

Итудис пцуеше на тајм-аут на добро познат речник

Кошаркарите на Хапоел Тел Авив ја совладаа Гран Канарија 74:65 на стартот на финалната серија од Еврокупот која се игра до три победи. Освојувачот ќе игра сигурно во Евролига. Тренерот на Хапоел, познатиот и трофеен грчки стратег Димитри Итудис кој долги години учеше од Жељко Обрадовиќ како помошен тренер во славниот Панатинаикос, му се пушти на Јан Мадар. Го пцуеше на српски.

Денвер Нагетс го отпушти тренерот Мајкл Мелоун, Јокиќ добива нов тренер

Поради мизерни резултати во последно време и неколку порази по ред, а во пресрет на најважниот период од сезоната, управата на Денвер Нагетс реши да ги отпушти тренерот и генералниот менаџер.

Прво скокни па кажи оп

Ваква механика на шут, мораме да признаеме, не сме виделе.

Литванците се чудат на подлата понуда на Евролига до Црвена ѕвезда и Партизан

Европските сајтови специјализирани за кошарка пред неколку дена пишуваа, а луѓе блиски до белградските евролигаши Црвена звезда и Партизан потврдија дека наводно Евролига им понудила сигурно тригодишно учество на црвено и црно-белите но под мизерни услови.

Надреалните бројки на Јокиќ на последните 6 меча

Го добил ли Јокиќ признанието за играч на сезоната и четврти пат или не, не е битно, бидејќи тој секако е МВП. Кошарката која ја игра Србинот во САД е необјаснива. 241 поен, 74 скока и 57 асистенции во рок од само 11 дена. Сезонава има 32 трипл дабл учиноци или вкупно 180 во кариерата (162 во регуларен дел од сезона и 18 во плејоф).

Трипл дабл број 32 сезонава за Јокиќ, го мина Вилт Чембрлен

Нов натпревар, нова симултанка на Никола Јокиќ кој сам и играше на Индијана Пејсерс со учинок од 41 поени, 15 скокови и 13 асистенции. Денвер сепак го забележа четвртиот пораз во низа, овој пат со 120:125. За Србинот ова е 32-ри трипл дабл сезонава, со што го мина Вилт Чембрлен кој беше рекордер меѓу центрите со 31.

Бегајте сите, доаѓа Шек

Е така беше со него. И да не играш, треба да се пазиш ако си во негова близина. Погледне како се празни цела клупа.

Ја имаме ли најглупавата техничка грешка во историја?

Не сме виделе вака некој да реагира на слободни фрлања. Што ли сакаше да постигне?

Џа Морант пак имитираше оружје и даде луд кош со сирената за победа

Мемфис Гризлис и Мајами Хит одиграа најлуд натпревар синоќа во НБА. Двете екипи се менуваа во водство постојано а на крајот во последна секунда долго озборуваниот Џа Морант го реши дуелот со кош од јак степ-бек. 

Страшна партија на Јанис Антетокумбо, ја засени цела НБА

Милвоки Бакс ја совладаа Филаделфија Севентисиксерс 126:113 а главна ѕвезда во победата беше капитенот на грчката репрезентација Јанис Антетокумбо кој имаше страшен трипл-дабл со: 35 поени, 17 скока и дури 20 асистенции, 2 украдени топки и шут од игра 12/19 за два, 1/1 за три и 10/11 од слободни фрлања.

Вестбрук пак се посрамоти на положување

Само еден ден откако Денвер Нагетс загуби од Минесота поради Расел Вестбрук, истиот играч ја повтори истата грешка и против Сан Антонио. Со таа разлика што овој пат глупоста не ја направи во последните секунди, туку на 4 минути до крај кога имаше чиста прилика за израмнување. Денвер - Сан Антонио 106:113.

Не му доаѓа памет и не му доаѓа, тоа ти е

Џа Морант, суперѕвездата на Мемфис Гризлис и лидер на овој тим кој сигурно ќе игра во плејофот на НБА лигата, два пати беше драстично казнет од раководството на лигата поради тоа што еднаш мавтал со оружје во ноќен клуб во Денвер во 2023-та. За тоа го казнија 8 натпревари. Иста глупост направи после неколку недели, на Инстаграм во мај месец 2023-та во видео во живо мавтал со пиштол па НБА лигата го казни 25 натпревари. Сега трета среќа.

И Стеф Кари имаше планетарна ноќ: 52 поени - 12 тројки

Вечерта кога Никола Јокиќ развали со 61 поен и имаше историски настап, Голден Стејт Вориорс одигра одличен натпревар против силниот Мемфис Гризлис и на крај славеше 134-125 на гостински терен. Јунак на мечот? Кој друг ако не Стеф Кари, автор на 52 поени со 12/20 за тројка, 10 скока, 8 асистенции и 5 украдени топки во „ФедЕкс Форум“. За Кари ова е втора „пееска“ сезонава, а 15-та во кариерата.

Големиот Јокиќ - после историска партија зборуваше за саканите коњи и за пиво

Светските медиуми на големо пишуваат за уште едно историско достигнување на Никола Јокиќ. Србинот на мечот Денвер Нагетс - Минесота Тимбервулвс имаше страшен трипл-дабл учинок со 61 поен, 10 скока и 10 асистенции и стана само трет играч во историјата кој имал ваков учинок но и прв кој доживеал пораз на крајот.

Го прашуваат Шек, кој би победил на дуелот Шек 2001 vs Јокиќ 2025?

„Би го направил словенечко пиле или од каде и да е“. (На српско мисли, ќе го поправат во студио). „Плус ќе го натерам неговите браќа да се степаат со мене“. А против Јанис Антетокумпо? „Него би го направил грчко гиро“.

Никола Јокиќ: 61 поен, 10 скока, 10 асистенции

Јокиќ не е од оваа планета. Кога ќе помисли човек што е следно, тој се надминува себе си и ги поместува границите во НБА.