Фудбал

Брат за брат, сирење за пари

Во финалето на англискиот Лига Куп при крајот на февруари, на мечот меѓу Ливерпул и Манчестер Сити се повреди Мамаду Сако и на негово место влезе Коло Туре. Во тој редок историски момент за фоторепортерите, двајца браќа играа еден против друг.

Обвинителството ја чешла и фудбалската федерација на Франција

Француските власти запленија документи од ФФФ во врска со истрагата на Швајцарија против поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер.

Џани треба да воведе и нови картони

На спорните пенали, офсајди и слични други погрешни судиски одлуки кои треба драстично да се намалат со новите правила во ФИФА кои се во најава, добро е да има и нешто повеќе од црвен картон за вакви ситуации.

Зошто Окслејд-Чембрлејн влегуваше во игра од 71-та минута?

Во светот на фудбалот постојат неколку несфатливи договори помеѓу клубовите и играчите. Во ситуација кога три-четири страни сакаат да бидат задоволни, заедничкиот договор неретко испаѓа смешен.

Скриената камера со Џенаро Гатузо

Човекот што работи на паркинг најпрвин ќе му каже дека Џенаро му е најголем идол и поради тоа своето куче го нарекол како него, затоа што биле исти на теренот. Тука започнува сè, а набрзо следува кулминацијата. Во целата приказна свесно е вклучен и Кристијан Броки тогашен соиграч на Рино од Милан, а излегуваат и комшии кои се бунат на бучавата и борци за правата на животните.

Овации за Тоти на Бернабеу

Покрај стандардната Ун капитано, че соло ун капитано (има само еден капитен) која што ечеше од гостинскиот сектор во Мадрид, вечерва многу домашни навивачи стоечки му аплаудираа на големиот Франческо Тоти при неговото влегување во игра.

Реал Мадрид не простува промашувања, Волфсбург оди понатаму

Како ретко кој во историјата, фудбалерите на Рома создадоа преку 5 стопостотни шанси, но не реализираа ниту една и Роналдо и компанија ги казнија за тоа. Со вкупни 4:0 Реал Мадрид оди во следната фаза каде се пласираше и Волфсбург.

Уругвајскиот борец и колекционер на црвени картони

„Слушав многу за тебе. Дека си бил фајтер како мене. Ако е така, заедно ќе им влеваме повеќе страв во коски на нашите противници. Добредојде во Јувентус", биле првите зборови со кои рекордерот по бројот на црвени картони го пречекал Давидс.

Најдобриот Наполи на сите времиња

По првите 22 кола Наполитанците имаа остварено рекордни 50 бода, што е нивни клупски рекорд. Но тоа се однесува во ерата на доделување на 3 бода за победа во Серија А. Сега го срушија и тој рекорд.

Ваков селектор за македонските фудбалери

Рикардо Тука Ферети е Бразилец кој речиси целата играчка и тренерска кариера ја минал во Мексико. Во моментов е тренер на Тигрес УАНЛ, тим чиишто играчи не смеат да зуцнат.

Тинејџер на Манчестер Сити остана без патики од 20.000 фунти

Во куќата на Брендон Баркер влегле крадци кои се фатиле за големата и скапа пасија на фудбалерот кој е најголема ѕвезда во академијата на Етихад.

Најдобриот Меси

Точно четири години поминаа откако ја видовме една од најдобрите партии на Меси во дресот на Барселона и точно четири години од моментот кога еден играч успеа да постигне 5 гола на еден меч во Лигата на шампионите.

Новите правила во фудбалот под палката на Џани Инфантино

Италијанскиот водител Алдо Бискарди 36 години труби на телевизија дека во фудбалот треба да се воведе правилото „повторена снимка“. Платини и Блатер беа против, а новиот прв човек на ФИФА се спрема да го тестира.

Најтажните денови во фудбалот

Во историјата на фудбалот имало неколку трагедии на стадионите од кои 10 останале длабоко во меморијата на човекот. Секоја година се одбележуваат сеќавања на трагедиите на Хилсборо, Хејсел, Лужњики, во Буенос Аирес и на уште неколку места.

Потоп во Србија, фудбалерите и кошаркарите може да играат само ватерполо

Играчите на ФК Младост не може да тренираат, да вежбаат во фитнес салата и ниту да го пречекаат Чукарички. Со сличен проблем се соочува и кошаркарскиот клуб Борац од Чачак, една од трите погодени општини од најновите поплави.

Неизвесната сторија меѓу Ел Нињо и шампионската Валенсија во 2001-ва

Поради сериозни финансиски проблеми, контроверзниот газда на Атлетико Мадрид, Хесус Хил го дал малиот Торес како залог за позајмицата која што ја добил од Валенсија. На крајот, Торес некако останал на Висенте Калдерон каде е симбол на клубот.

Сите “жртви“ на Рамзи

Поранешната претседателка на САД, Ненси Реган почина синоќа на 94 години. Ден претходно Арон Рамзи постигна гол за Арсенал на лондонското дерби против Тотенхем. Ситуацијата станува сериозна, жртвите меѓу познатите личности се редат.

Кога не сака, не сака

На мечот ЦСМС Иаси - ЦФР Клуж во романското фудбалско првенство уште еднаш се потврди теоријата дека кога топката не сака да влезе во гол, не сака па макар шутирале и повеќе пати пред празен гол.

Вардар спремен за осминафинале, падна и Монпеље

Ракометарите на Вардар убедливо со 34-26 го совладаа францускиот Монпеље во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Противник во осминафиналето веројатно ќе им биде како и лани, Висла Плок.

Матиќ од Челси ја плаќа цела тетратка долгови во родното село

Ѕвездата на Челси, Немања Матиќ никогаш не ги заборавил своите другари од детството од селото Врело во Србија. При секое враќање дома, влегува во коперацијата и од продавачката бара да му ја даде тетратката со долгови за да ја плати цела.

Пеколна битка за Скудето и излез во Европа

На 11 кола до крајот на сезоната во Серија А сè е отворено што се однесува до врвот. Јуве има два тешки меча плус градско дерби, Наполи треба да се соочи со Интер и Рома, а Џалоросите имаат најтежок календар до крајот.

Ѕвончето на Клаудио Раниери на тренинзите

Како омилен наставник кај кого учениците едвај чекаат да имаат час (во случајов тренинг), Клаудио Раниери воспостави другарски однос со фудбалерите на Лестер кој се сè поблизу до неверојатната историска титула во Премиер лига.

Рекордот на Манчестер Јунајтед кој никој не го повтори

Освен дебаклот на Реал Мадрид на Маракана, денешниот ден е важен и по еден историски ден за Премиер лигата.