Вест Бромвич Албион во својата историја имаше две македонски имиња, прво Артим Шаќири кој го купи од ЦСКА Софија и кој играше од 2003-та до 2005 година, а потоа Горан Попов кој како позајмен играч на Динамо Киев настапуваше во периодот од 2012-та до 2014-та.
Но пред овие двајца играчи историјата на Македонците во една од најсилните лиги во светот ја испиша Ѓорги Христов. Поранешниот македонски репрезентативец кариерата ја почна во Партизан во 1994-та и три години потоа на 13 јуни 1997-ма потпиша за Барнсли.
За клубот од истоимениот град оддалечен 60 километри од Манчестер тоа не беше било кој трансфер, туку најскапиот трансфер во тоа историско лето за Барнсли кој во својата 102 годишна историја за прв влезе во елитата.
Барнсли донесе осум засилувања во својата прва сезона во Премиер лигата (1997/1998), а најскапото беше 21 годишниот Ѓорги Христов кој потпиша за сума од 1,5 милиони фунти.
За жал тоа беше прва и единствена сезона за Барнсли во Премиер лигата во која заврши на претпоследното 19-то место со 35 бода и оствари скор од 10 победи, 5 нерешени и 23 порази. Во втора лига таа година испаднаа и Болтон и Кристал Палас, а шампион беше Арсенал пред Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Челси. Пласман во Купот на УЕФА освоија Лидс, Блекбурн и Астон Вила.
Во Лига Купот Барнсли стигна од третата рунда, а во ФА Купот до четвртфинале откако му приреди шок на Манчестер Јунајтед.
Христов постигна 8 гола, а во 2000 година замина во Нец. Потоа смени уште неколку клубови и кариерата ја заврши во 2010-та во дресот на ЈЈК Јиваскила од Финска.
За Македонија играше од 1995-та до 2005-та и на 48 настапи постигна 16 голови.
Голот на Христов против Лидс на 3:00 на видеото
Компилација за Барнсли и Нец
Инаку за девојките од Барнсли изјави дека се грди.