Фудбал

Нов сомнителен автогол

Прво прашавме Камени како е можно? Сега прашуваме Папи како е можно? Втор чуден автогол за два дена, овој пат на Сенегалецот Папи Џилобоџи од Вердер на средбата со Баер Л. кој на нафрлената топка го избра најлошото решение. 

Панчев, Шаќири и легендите се собраа за промени

Иницијативниот одбор на „Обединети за фудбалот", групацијата составена од повеќе поранешни фудбалери, судии и тренери денеска начелно ја соопшти суштината на нивниот собир.

Денот кога Црвена Звезда со Бошко Ѓуровски му одржа лекција на Реал

1987 година за навивачите на Вардар е историска бидејќи стана шампион на Југославија, за навивачите на Порто затоа што за прв пат станаа прваци во Европа. Белград пак тогаш беше сведок на едно од најдобрите изданија на Звезда во тогашниот Европски Куп.

На каков сè начин Алонсо чита книги?

Баскиецот редовно снима реклами во кои шутира слободни удари, а неговиот спонзор Адидас сега се реши да му намени поразлична улога.

Пјаниќ е полиглот, а Тоти е труп за јазици

На листата на повикани играчи во Лига на шампиони за сезоната 2015/2016, босанскиот репрезентативец напишал дека зборува босански, англиски, француски, италијански и германски, а инаку за Тоти во Италија се продава книга со негови гафови на италијански.

Дриблинг по грешка

Дал да го дриблам или да го лобувам? Што и да направам ќе згрешам. Тоа е таа тактика за целосно збунување на противникот.

Во исто време на исто место

Еден од фотографите покрај теренот на мечот Фиорентина - Наполи (1-1, два гола за 65 секунди), успеал да ја направи фотографијата на пролетната полусезона во Серија А.

Симболот на Италија од СП 1982 е пред распаѓање

DC9, авионот кој ги врати светските шампиони од Мадрид ако не биде изложен во музеј, можно е да заврши во отпад.

Ветерот од Истокот што ја покори Европа

Студен како киевска зима пред голманите, Шева ги освои срцата на милиони и милиони миланисти. Од едно селце со 390 жители стигна до врвот на Европа и Златната топка за најдобар стрелец на континентот.

Милион евра плата за малиот

Иако уште една година не смее да потпишува договори, агентите на Донарума и раководството Милан имале средба за да ја осигураат иднината на малолетниот голман кој стана првотимец на Сан Сиро.

Сè е исто како минатиот месец

Излезе најновата ранг листа на ФИФА за месец март. Македонија останува 138 фудбалска земја во светот.

Не го оставај голот празен

Каталонците вечерва му гостуваат на Рајо Ваљекано. Едно потсетување од 2002 година, што го снајде голманот на Рајо кога се обиде да исфрли една топка со глава во полето каде игра Чави.

Ретки фудбалски фотографии #4

По воведните 1, 2 и 3 сеќавања на фудбалот од минатото, продолжуваме со 4-та епизода носталгичен фудбал во која се Сидорф и Давидс како младинци на Ајакс, Биелса како шампион на Аргентина и други занимливи фотографии.

Камени, како е можно?

32-годишниот голман на Малага, Камерунецот Идрис Камени направи неверојатна глупост откако сам пикна една нафрлена топка во својот гол. Неговата постапка чуди уште повеќе затоа што неговиот тим водеше 1:0 против Валенсија, а на крајот загуби 1:2.

Едгар Давидс од Лестер е клучот на нивната игра

Магичната формула на Лестер и тајната на нивниот успех е тоа што тие успеваат да го натераат противникот да игра сам против себе. Клучот во тоа е трансформацијата напад – одбрана, каде што по губењето на топката неверојатно брзо на противничката половина се формира одбранбена формација.

Во Њујорк никој не ме знае, шетам слободно

„Во Италија полиција нè чуваше во соблекувалните доцна во ноќта затоа што не беше безбедно да си одиме дома после натпреварите. Овде можам комотно да шетам без никој да ме препознае“, вели Професорот чијшто дрес е меѓу најпродаваните во САД.

Никој не го повтори овој дриблинг како него

2 март 2002 година, Арсенал - Њукасл и еден од најелегантните дриблинзи еден на еден во историјата на фудбалот во изведба на Денис Беркгамп.

Забрана за Галатасарај во Европа

Турскиот прволигаш доби едногодишна суспензија поради непочитување на финансискиот фер плеј.

Како Чиро ги фатил Бокшиќ и Штимац со проститутки

Легендарниот хрватски тренер кој ја водеше Хрватска од 1994-та до 2000 година со која го освои историското трето место на СП 1998, секогаш има материјал со анегдоти. Најновата му е од времето кога им беше селектор.

Илија во Интер оди со сплав на тренинг

Одењето на тренинг за фудбалерите на Интер Запрешиќ е секојдневно патешествие. Поради лошите временски услови нивниот терен во Запрешиќ е цел со кал и затоа мора секој ден со сплав да ја минуваат Сава и да тренираат во соседното место Медсаве. Несторовски е прв стрелец во хрватското првенство со 15 голови, а од наредната сезона ќе му прави друштво на Трајковски во Палермо.

Како изгледаше дебито на малиот Гигс

Велшанецот дебитирал за Јунајтед на 2. март 1991 година против Евертон на Олд Трафорд. Во следните 24 години освои 11 титули во Премиер лигата, 4 ФА Купа и 2 трофеи во Лигата на шампионите. Го држи рекордот по бројот на настапи за еден англиски тим. За Велс играше 67 натпревари и се повлече во 2007. година од репрезентацијата. Во моментов му е прв помошник на Ван Гал во Јунајтед.

Судијата херој во Босна

Во младинската лига на БиХ на мечот меѓу Зрински и Олимпик Сараево за малку не дошло до трагедија по еден дуел на теренот. Линискиот судија спасил живот на фудбалер.

Танцот на Роже Мила во Италија ’90-та

Човекот кој го одбележа Мундијалот во Италија ’90-та играше во неколку француски клубови, а неговиот необичен танц при прославата на головите ден денес е инспирација за многу фудбалери.

Бушавата азбука на Драган Џајиќ

Југопапир е страна која што се занимава со пронаоѓање и обработка на стари вредни исечоци од весници. Нам во око ни падна рубриката од А до Ш во која детали за себе открива младиот Драган Џајиќ.