Колекционерите на Панини кои не трошат пари за сликички

Алекс и Сиан не се мењаат со сликички, не играат на тапка и не даваат повеќе пари за да го исполнат албумите од Светските и Европските првенства, туку тоа го прават на свој начин за кој им е потребно 227 часа.

Оваа двојка од Велс наместо да оди секој ден во трафика и да дава пари за сликички за ЕП 2016, реши тоа да го претвори во уметност и да ги нацрта сите фудбалери кои ќе учествуваат на Европското.
 
Дека ќе заштедат пари има математика, а тоа се 400 фунти кои им се потребни за да го исполнат цел албум, но за цртање на само еден играч пресметале дека им е потребно 20 минути.
 
Во Панини албумот за ова Европско првенство има 680 празни полиња за лепење и за да ги нацртаат сите им требаат 227 часа. Една од причините што Алекс и Сиан се решија на ваков потег кој бара многу работа е што никогаш во животот не успеале да исполнат еден албум.
„Алекс беше дете кога почна да собира сликички за СП 1994, но од тогаш не успеал да исполни ниту еден албум. Кога ми рече да почнеме да собираме сликички за ЕП 2016, јас му реков дека парите може да ги заштедиме и да ги искористиме за друго. Вака ќе треба многу време, ама вреди“, вели неговата сопруга.
 
Ова нивно хоби кое трае 22 години, решиле да го сменат на Светското првенство во Бразил кога почнале за прв пат да ги цртаат фудбалерите, а и покрај тоа што трае долго велат дека го сфаќаат како забава.
„Луѓето мислат дека е чудно да трошиш толку време за цртање, но ние не го сметаме ова како сериозна работа туку како хоби и забава. Мене на некој начин ми стана како втора работа. Понекогаш цртам и за време на паузите на работа.
Оваа креативно хоби Алекс и Сиан го презентираа и на свој блог каде имаат над 100.000 посети од цел свет. 
 
9 јуни 2016 - 20:42