Комичен автогол на Кларк за реми меѓу Шведска и Ирска

Добар и борбен меч на Сен Дени одиграа Ирска и Шведска. Ибрахимовиќ со асистенција го натера неговиот чувар Кларк да си даде автогол за конечни 1-1.

РЕПУБЛИКА ИРСКА - ШВЕДСКА 1:1 (0:0)
/Вес Халахан 48' - Киран Кларк а.г. 71./

Голот на Халахан за Ирска:

Автоголот на Кларк за 1-1:

Потегот на Златан:

Пред почетокот на дуелот, на Стад де Франс во париското предградие Сен Дени денес попладне бил пронајден сомнителен куфер, јавија француските медиуми. Веднаш интервенирале службите за деминирање и полицијата, а за време на интервенцијата е воспоставен широк појас на безбедност, но немаше ниту најмал инцидент.

Куферот бил пронајден кај влезот Е, близу влезот Х каде што двајца камикази лани на 13. ноемвври изведоа крвави терористички напади.

Табела: Шведска 1, Ирска 1, Италија 0 (вечер игра против Белгија, Белгија 0.

Во следното коло на 17-ти играат Италија - Шведска и Ирска - Белгија.