Фудбал

Модриќ опасно го пцуел словенечкиот судија

Пред крајот на мечот Реал - Сити синоќа, најдобриот поединец на дуелот Хрватот Лука Модриќ бурно реагираше при недосуден фаул над Роналдо, поради што го опцу Словенецот Дамир Скомина. „Сочно“, велат словенечките медиуми.

И старите хулигани на Вест Хем ќе жалат по Аптон Парк

Во март 2013. година, Вест Хем Јунајтед на неверојатни 99 години го изнајми Олимпискиот Стадион во населбата Стратфорд во источен Лондон. На 10. мај, Чеканите ќе го играат последниот меч на саканиот Аптон Парк.

Празна глава аматерска

На аматерски меч во Норвешка, еден играч не може да се помири со тоа што му ја земаа топката, па крвнички со цела сила стартуваше врз противникот кој има 15 години. Фрустрации ли што ли се?

Атлетико и Реал ќе добијат по 20.000 карти за финалето

Раководните луѓе од Реал и Атлетико отпатувале во Милано каде ќе се договараат со организаторот и домаќинот околу финалето на ЛШ. Картите движат од 70 па до 440 евра во зависност од зоната.

Градско дерби во финалето на ЛШ

Реал Мадрид заслужено славеше со 1:0 во реваншот од полуфиналето против бледиот Манчестер Сити (90 минути без директен удар кон Кејлор Навас) и ќе се бори за трофејот против градскиот ривал Атлетико.

Што не забележа фоторепортерот на Лестер

Ако го слушате внимателно коментаторот кој го објаснува посебниот момент за фудбалерите на Лестер кои станаа шести првак во Англија во друштво на Сити, Јунајтед, Арсенал, Челси и Блекбурн, а истовремено им ги гледање знамињата каде пишува дека шампиони, нема ниту вие да ги забележите три дриблинзи без топка.

Лестер им донесе гага одмор во Грција

Освен што стана сензација и хит во светски рамки, новиот англиски шампион ќе им закрпи финансиски дупки, а ќе им реши и станбено прашање на некои навивачи кои махерски типуваа пред стартот на сезоната.

Париз не е само ПСЖ

Прва асоцијација на Париз кога се зборува за фудбал секако е Пари Сен Жермен. За навивачите на постариот париски клуб Ред Стар, ова е историска неправда која веруваат дека наскоро ќе ја исправат.

Ривалството им потекнува од играчките денови

Две фотографии поврзани со вчерашната драма на Алијанц арена кои не вратија во шпанскиот фудбал од 90-те. Багажот кој го носат овие две славни тренерски имиња од кариерата како играчи е само факт, но не и помагало за тоа кој кого ќе надмудри со тактика. Ел Чоло е човек за респект кој сезонава во Лига на шампиони успеа да им пркоси и да ги елиминира Барселона и Баерн Минхен, екипи кои сигурно многу фудбалски аналитичари ги гледаа во финале.

Тотенхем во 2017/2018 ќе игра на Вембли

Тимот од Вајт Харт Лејн месецов и официјално ќе објави детали од договорот со Фудбалската асоцијација на Англија за користење на стадионот Вембли за домашните средби во сезоната 2017/2018.

Лука Тони стигна до крајот, најави повлекување

Во 2006. година стана светски првак со Италија и првиот Италијанец кој ја освоил Златната копачка за најдобар стрелец во Европа, има две титули со Баерн Минхен и смени преку 12 клуба. Конечно стигна до финишот.

Син ми не беше почитуван во Рома, а во Англија е крал

Иако има 96 години Рената стана позната, почна да дава изјави, чита спортски весници, го гледа Лестер и постојано е во тек за сè што се случува во клубот за кој добива информации од прва рака.

Го имаме ли голот за Ференц Пушкаш?

Во плејофот на Копа Либертадорес, на мечот Атлетико Национал - Хуракан (4:2), гостинскиот играч Абила го постигна можеби најубавиот гол сезонава.

Варди редовно доаѓаше пијан на тренинг

Играш во четврта лига, чисто од забава, без некои претерани спортски мотиви и оддеднаш те викаат за милион фунти во богат клуб со голем потенцијал. Меч со две острици.

Војниците на Чоло го преживеаа Минхен и влегоа во финале

Три гола, два промашени пенали, 26 шута на Баерн Минхен, и Атлетико Мадрид во финалето на Лигата на шампионите е епилогот на вечерашниот реванш меч во Минхен.

Кој е тука Варди?

Ден по освојувањето на титулата, новиот шампион на Англија замина на заеднички ручек, а по пат во автобус качија и поштар од Лестер кој со овој сурат може слободно низ град да дели автограми и да се фали дека тој е најдобриот стрелец на Лестер.

Каспер Шмајхел цел на татко му

Во понеделник во семејството Шмајхел два члена се разбудија како освојувачи на титулата во Премиер лигата. Легендарниот Питер Шмајхел има титули со Манчестер Јунајтед, а син му Каспер Шмајхел сега освои со Лестер.

Да го чуеме Раниери

Мирен и сталожен на ден после испишувањето на фудбалската историја во Премиер лигата, новинарите го начекаа човекот на кој му честитаа еден куп колеги меѓу кои и Мурињо. Го оствари ветувањето дека ќе оди на ручек кај неговата 96 годишна мајка, но успеал истиот ден да се врати дома за да гледа Челси - Тотенхем. Тајната на овој успех вели дека лежи во срцето и душата со кои играа неговите фудбалери.

Енди Кинг - неопеаниот јунак од бајката Лестер

Најубавото поглавје од приказната на Лестер во освојување на титулата е она за јунакот за кој не се пишуваше и не се зборуваше кога сите ги истакнуваа најзаслужните за подвигот.

Косово стана дел од европското фудбалско семејство

Најновата членка на УЕФА, вкупно 55-та е нашиот северен сосед кој се очекува да се натпреварува на квалификациите за Светското првенство во 2018 година.

Тренерски титули - Made in Italy

Римјанинот Клаудио Раниери, новиот газда на Премиер лигата со Лестер е последниот во серијата италијански стратези кои освоиле првенство надвор од својата земја, од Англија до Кина, далеку од Серија А.

Како навивачите на Тотенхем ја славеа титулата

И Американците ја пренесоа атмосферата од прославата на новиот шампион во Премиер лигата, но репортерот на ЕСПН првак на Англија го направи вториот на табела.

Ќе почекате за титула

Фудбалерите на Тотенхем синоќа имаа 0:2 на Стемфорд Бриџ со кои теоретски ќе останеа во игра за титулата, но лондонското дерби полно со тензија на заврши 2:2, а Вилијан кој лани ја славеше шампионската титула ги испровоцира гостинските навивачи.

Реакција по пабовите на голот на Азар

Под водство на често оспоруваниот италијански стручњак Клаудио Раниери, а предводени од до сезонава анонимните Канте, Варди и Махрез, Лестер стана 24. шампион на Англија. Титулата им ја донесе најслабиот играч на Челси сезонава, Еден Азар со неверојатен гол против Тотенхем во 83. минута од мечот. Тоа беше прв гол на Азар на домашен терен после 365 дена. Последен пат даде гол кога славеа титула лани против Кристал Палас.